Ќерката по стапките на својот татко: Женска верзија на Стив Ирвин - ловецот на крокодили
Стив Ирвин живееше лудо, ризично, но храбро, постојано во близина на најопасните крокодили и змии, но без страв.
Сепак, за жал токму и во една таква опасна авантура, снимајќи документарен филм загина прободен од раја, морска риба која е многу слична со ајкулата.
Но, неговата љубов кон егзотичните животни и авантурите ја наследила неговата ќерка Бинди која денес има 16 години, сè уште оди во училиште, но штом заврши планира да се пресели во Австралија и го посвети животот на животните како и нејзиниот татко.
Најмногу би сакала да волонтира во австралиската зоолошка градина која ја основа токму Стив Ирвин.
Сака да ги запознава и истражува животните. Таа веќе има многу фотографии со крокодили, тигри, кенгури, па многу потсетува на нејзиниот татко, што е и очекувано.