Во светот на Амелија: Девојчето што расте покрај слонови и тигри (фото)
Таа од 3-годишна возраст расте покрај животни меѓу кои има и диви и домашни, големи и мали. Нејзините родители ја учат да ги сака сите животни, бидејќи тие се дел од светот во кој таа живее.
Токму дружењето со нив и љубовта која ја има ја прават да се чувствува слободно и сигурно, без страв дека може да ја повредат.
Таа ги храни малите тигри, седи на сурлата на слонот, спие со мачки, мајмунчиња, кучиња, се дружи и со лами, жирафи, елени, коњи, лемури.
Додека таа се забавува со нив, нејзината мајка Робин Шварц постојано ја фотографира и на тој начин го забележува нејзиниот свет.
Ја учи дека не треба да се плаши од животните, туку да биде внимателна со луѓето. Животните ја чувствуваат нејзината добронамерност и љубов, па никогаш во овие 10 години не ја повредиле.
Светот на Амелија и животните е една посебна приказна полна со несекојдневни фотографии на која ќе биде горда до крајот на животот: