Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Затоа што отсекогаш сте посакувале да галите крокодил...

Од неодамна добивте храброст и на својот врат ставивте голема змија и се соочивте со стравовите? Сега слободно можете да преминете на следниот чекор: галење на крокодил.

zatoa-sto-od-sekogash-ste-posakuvale-da-galite-krokodil-01.jpg

Во западниот дел на Африка близу градот наречен Пага се наоѓа езерцето каде луѓето и крокодилите мирно коегзистираат со генерации наназад. Пливаат и се бањаат во истите води. Всушност воопшто не е чудно за рибарите секојдневно да риболоват без воопшто да се мислат дали ќе бидат нападнати од овие рептили.

Традиционалниот фолклор дава неколку приказни за тоа како тука луѓето и крокодилите станале пријатели. Во една приказна, првиот доселеник на ова село бил преморен од неговите патувања и речиси на работ од смртта кога еден пријателски крокодил решил да го спаси и му донел вода за пиење. Потоа селанинот му ветил на крокодилот дека никогаш нема да се обиде да го убие и тоа ветување го одржал.

zatoa-sto-od-sekogash-ste-posakuvale-da-galite-krokodil-1.jpg

Во друга приказна, еден човек бил бркан од лав и наишол на езерцето без можност за бегање некаде понатаму. Еден крокдил решил да му помогне и го пренел на својот грб на другата страна од езерото.

Без разлика на тоа која приказна ви се допаѓа повеќе, важно е да знаете дека жителите веруваат дека нивните души се поврзани со духовите на овие животни до толку што го штитат видот како национално богатсво.

Денес на ова место живеат околу стотина крокодили кои главно се хранат со риба и жаби и послужени се со живи кокошки, се со цел да останат среќни и да не се обидуваат да го напраѓаат локалниот добиток.

Крокодилите во Пага се многу пријателски настроени. Посетителите на езерцето може слободно да седнат на нив, да ги допрат и фотографираат. Тие слободно се шетаат околу луѓето без обид да наштетат на жителите или туристите.

Колку и да се чини дека се сигурни, локалните туристи може да се качат на нивниот грб, но се препорачува да се држат на страна од нивните вилици.

zatoa-sto-od-sekogash-ste-posakuvale-da-galite-krokodil-2.jpg

zatoa-sto-od-sekogash-ste-posakuvale-da-galite-krokodil-3.jpg

Би можело да ве интересира:

Бенгалски тигар, нилски коњ - Кои се најсмртоносните цицачи на Земјата? Некои цицачи имаат неверојатна сила и моќ, а човечката средба со нив може да бид...
Предмети за мачки и кучиња на кои повеќето штедат, но не треба Гребалка за мачка и преносен сад за вода за топлите летни денови – кои предмети ...
Позитива на денот: Мечка влезе во ресторан и си седна на маса да јаде (видео) „Додека ручавме, мечка реши да се прекачи преку оградата и се послужи со остатоц...
Најмалите животни во светот – некои се долги само 2 сантиметри Најмалиот водоземец е жаба долга само 1cm. Дознајте кои се најмалиот цицач, најм...
Позитива на денот: Фото-докази дека и животните се грижливи родители Мачка која ги прегрнува своите малечки додека спие, куче кое се радува на новоро...
15 фотографии од мачки кои ќе ве насмеат и расположат Ако чувате мачка сигурно барем еднаш сте се смееле до солзи откако направила неш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg