10 Најпаметни животни: Кој е попаметен, прасето или верверичката?
Како и меѓу луѓето, така и меѓу животните постои разлика во степенот на интелигенција. Прилично е познато дека делфините се попаметни од слоновите. Многумина ќе се изненадат од податокот дека меѓу најпаметните се и прасињата и гулабите.
Ова се 10-те најинтелигентни животни:
1. Шимпанзата, освен што многу наликуваат на луѓето, имаат и уште неколку заеднички особини. Тие можат да манипулираат со околината, но и да бидат корисни и да помогнат во остварувањето на некоја задача која е за доброто на заедницата во која живеат.
2. Според некои истражувања прасињата во средна доба имаат ист степен на интелигенција како и децата до 3 години. Знаат како да се прилагодат на некои ситуации во околината каде се наоѓаат, а имаат способност и да учат некои нови вештини.
3. Ако се земе предвид телесната маса и обемот на мозокот, научно е докажано дека делфините имаат најголем мозок меѓу сите животни. Во однос на останатите се истакнуваат со своите комуникациски способности. Исто така, тие се едни од ретките животни кои може да се препознаат во огледало.
4. Папагалите се птици со најголема интелигенција. Освен тоа што може да научат да зборуваат, тие може да решат и релативно сложени проблеми.
5. Китовите се познати по тоа што едни со други комуницираат користејќи сложени звуци, а со тоа ги координираат своите активности со другите од групата во која живеат.
6. Кај кучињата нивото на интелигенција се разликува и зависи од куче до куче, а на сите им е својствено дека можат да усвојат нови вештини со помош на луѓето, односно преку дресура. Лабрадорите и пудлиците се многу љубопитни животни кои сакаат да ја истражуваат својата околина. Можат лесно да забележа промени и детали. Поради нивната интелигенција и способност за разбирање кучињата се и најдобри пријатели на човекот.
7. Октоподите се најинтелигентни безрбетници во светот кои може да ги одвојат рацете од телото. Кога пронаоѓаат храна, користат стратегија благодарение на која се многу вешти ловци. Исто така, се способни да решат и покомплицирани проблеми во кои се наоѓаат.
8. Слоновите се вбројуваат меѓу интелигентните животни бидејќи нивниот мозок го користат за интеракција со другите членови на групата во која припаѓаат и поради фактот што се емпатични. Научниците докажале дека слоновите не само што препознаваат кога другите членови на групата се под стрес, туку и едни со други се тешат со допири и испуштање на специфични звуци.
9. Верверичките се мали животни, но нивниот мозок не треба да се потценува. Интелигенцијата им е фокусирана на едно нешто – собирање храна. Многу се прилагодливи и снаодливи, благодарение на меморијата која ја имаат.
10. Мачките се многу вешти ловци. Покрај тоа тие спаѓаат во категоријата животни кои имаат развиено т.н. шесто сетило, па спаѓа меѓу животинските видови кои имаат способност да претчувствуваат земјотрес или некоја друга природна катастрофа.
Меѓу најинтелигентните животни на листата се наоѓаат и коњите, соколите, штрковите, бувовите, орангутаните, ракуните, пајаците, мравките, морските лавови, но и гулабите кои се познати во историјата како писмоносци кои одлично се ориентираат во просторот и можат лесно да запомнат место и лице кое еднаш го забележале.