Зошто кучињата понекогаш јадат трева?
Сигурно неколку пати до сега сте го забележале вашиот миленик како ужива во јадењето трева, без да ја знаете причината за тоа.
Се работи за нормална појава, односно наследство кое кучињата го задржале од своите предци кои се хранеле преку лов на други животни.
Затоа што тие животни во главно биле тревопасни, и нивните тела се хранеле со голема количина на билки кои ја регулирале работата на цревата и стомакот. Сега, кога милениците се хранат со преработено месо и крекери, имаат потреба од регулирање на цревната флора.
Исто така болката во желудникот може да е причина заради која кучето јаде трева. На тој начин покажува дека има чувствителен желудник, а во поретки случаи укажува на паразити во телото или недостаток на ензими кои помагаат при ваењето.
Добро е да знаете дека јадењето трева не е необична појава, сè додека се случува во граници на нормала.
Сепак, ако забележите зголемена желба за зеленило кај миленикот, добро е да посетите ветеринар.