Симптоми кои алармираат дека вашиот миленик треба да посети ветеринар

За жал, невозможно е нашите миленици да ни кажат кога нешто им се случува за да можеме на време да ги однесеме на ветеринар.

simptomi-koi-alarmiraat-deka-vaseto-milenice-mora-da-poseti-veterinar-1-

Затоа, научете како да ги препознавате знаците кои ви алармираат дека нешто не е во ред со вашиот домашен миленик.

1. Тешкотии во дишењето                                 

Една од најчестите причини заради кои морате да посетите ветеринар е токму тешкотијата во дишењето. Доколку забележите промена од ваков тип кај вашиот миленик не чекајте. Тешкотијата во дишењето се јавува како резултат на инфекција, срцево заболување или тумор. Со текот на времето вашиот миленик може да добие разни алергии или астма. Но може да се случи и да проголта некој предмет за кој вие не знаете, а му пречи при дишењето.

2. Промени во јадењето

Нормално е милениците, исто како и луѓето, да имаат денови кога навистина се гладни и денови кога воопшто не сакаат да јадат. Може да поминат и неколку денови, а вашиот миленик воопшто да нема апетит. Иако е нормална појава, сепак е препорачливо после третиот ден од гладувањето на да посетите ветеринар.

3. Премногу уморен

Нормално е да е изморен после целиот ден поминат надвор, после играњето и трчањето. Но, морате убаво да го следите неговото движење. Доколку тој константно станува се повеќе и повеќе заморен и спие по цели денови, а тоа да не е типично за вашиот миленик, тогаш однесете го на ветеринар. Преголемиот замор се јавува како резултат на инфекции, болести на срцето или дијабетес.

4. Повраќање

За некои миленици повраќањето е нормално и се јавува како резултат од премногу јадење. Освен тоа, нормално е вашиот миленик да повраќа од одредена храна што и често ги разболува. Но, доколку миленикот повраќа во комбинација со симптоми како болка или треска тогаш мора да биде прегледан.

5. Уринарни проблеми

Секогаш е добро да ги забележувате знаците кои упатуваат на тоа дека вашиот миленик има некој уринарен проблем или инфекција. Доколку забележите дека миленикот уринира повеќе или помалку од вообичаеното тогаш контактирајте го вашиот ветеринар. Најчесто овие уринарни проблеми упатуваат на инфекции и камчиња во бубрезите.

6. Драстично здебелување или слабеење

Нормално е вашиот миленик да ослаби или да се здебели, а тука клучна улога игра и храната која му ја давате. Но доколку не сте направиле никакви промени во однос на храната, а сепак вашиот миленик драстично слабее или се дебелее, тогаш станува збор за здравствен проблем.

7. Опаѓање на влакната

Во некои периоди од годината, митарењето е нормална појава кај сите животни. Но доколку вашиот миленик веќе подолг период се митари и неговото крзно станува проретчено тогаш контактирајте го ветеринарот. Вашиот ветеринар ќе ви даде соодветен лек против преголемото опаѓа на влакната.

Никој не може подобро од вас да забележи доколку нешто се случува со вашиот миленик. Набљудувајте ги сите негови промени и водете грижа кога станува збор за редовни и задолжителни ветеринарски прегледи.

Би можело да ве интересира:

Дритон од Скопје чува шкотска мачка: „Оби е многу кроток, но не сака луѓето да го задеваат“ „Оби е шкотска раса и има 6 години. Го донесов од Софија, Република Бугарија и о...
Кои раси на кучиња најчесто добиваат топлотен удар, според ветеринар? Расите со сплескана муцка како мопс потешко се разладуваат, па поради ова се пос...
Како да познаете дали вашето куче има болви (и како да се ослободите од нив)? Најбрзо решение се средствата против болви, но ако не станува збор за сериозен п...
Што да правите ако кучето ви уништува сè низ домот? Купете му играчки што може да ги гризе и смирено одвлечете му го вниманието кога...
Совети за нови родители со кучиња: Што да направите кога ќе добиете бебе? Ако пак мислите дека кучето ќе има пократки и поретки прошетки откако ќе пристиг...
15 фотографии од мачки кои ќе ве насмеат и расположат Ако чувате мачка сигурно барем еднаш сте се смееле до солзи откако направила неш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg