Запознајте го Биди, ежето што патува (фото)
За оние кои сакаат да патуваат, а немаат многу време и пари за тоа, може да го следат Инстаграм профилот на малото еже Бади и да откриваат нови природни убавини.
Неговите патувачки фотографии на се екстремно популарни. Секоја недела неговите сопственици Том и Тони го носат на авантури низ Северна Америка.
Заедно посетуваат планини, шуми, водопади и околни места и го фотографираат.
Биди има над 300.000 следбеници на неговиот профил и оваа бројка постојано расте. Том и Тони не очекувале дека ќе има толку голем интерес.
Најмногу се надевале дека ќе има околу 500, но сегашната бројка, покрај тоа што ги радува, веќе им претставува и обврска и постојана активност за посета на нови места, бидејќи сите очекуваат некоја нова авантура на слаткото еже Биди.