Запознајте го Ѕвер: Најпопуларното куче на Марк Цукерберг

На една од најпопуларните Фејсбук страници која ја следат 1.741.738 луѓе, во описот пишува: „Јас сум од расата пудлица, унгарски овчар. Роден сум во Грантс Пас (Орегон), а живеам во Пало Алта (Калифорнија) со Марк и Сила. Сакам галење и неверојатно сум сладок“.

zapoznajte-go-zver-najpopularnoto-kuce-na-mark-cukerberg-1

Вака гласи описот на страницата која ја направил еден од најбогатите луѓе во светот денес, основачот на Фејсбук, за своето куче со име Ѕвер (Beast).

Преубава, бела и рунтава пудлица која секојдневно има сè повеќе обожаватели, а сопствениците Марк и неговата сопруга Присила Чен редовно ги објавуваат сите новости во врска со него.

Ѕвер има 3 години, а кај Марк и Присила е уште како малечко кутре. Сега пораснал и Марк често знае да каже дека Ѕвер изгледа како вистинска овца.

На неговата страница можете да видите како изгледа кога се капе, кога спие, „работи“ на компјутер, ја „демолира“ бањата и сите останати секојдневни случувања од животот на слатката пудлица.

Како една од најомилените активности на своето куче, Марк го наведува лежењето до вентилацијата од каде дувка воздух и го разнесува неговото бујно крзно.

Со оглед на тоа што Ѕвер е унгарски овчар, односно куче-чувар, Марк го однел на фарма кај своите роднини за да провери како се согласува со козите. Тој не бил воопшто изненаден, лаел по исплашените кози и сите ги истерал во еден ќош!

Ова слатко бело кутре е најпопуларното куче на Фејсбук.

zapoznajte-go-zver-najpopularnoto-kuce-na-mark-cukerberg-2

zapoznajte-go-zver-najpopularnoto-kuce-na-mark-cukerberg-3

zapoznajte-go-zver-najpopularnoto-kuce-na-mark-cukerberg-4

zapoznajte-go-zver-najpopularnoto-kuce-na-mark-cukerberg-5

zapoznajte-go-zver-najpopularnoto-kuce-na-mark-cukerberg-6

zapoznajte-go-zver-najpopularnoto-kuce-na-mark-cukerberg-7

zapoznajte-go-zver-najpopularnoto-kuce-na-mark-cukerberg-8

Би можело да ве интересира:

Кои раси на кучиња најчесто добиваат топлотен удар, според ветеринар? Расите со сплескана муцка како мопс потешко се разладуваат, па поради ова се пос...
Дритон од Скопје чува шкотска мачка: „Оби е многу кроток, но не сака луѓето да го задеваат“ „Оби е шкотска раса и има 6 години. Го донесов од Софија, Република Бугарија и о...
Раси на кучиња кои можат да бидат погодни за луѓе со алергии Секое куче може да предизвика симптоми на алергија, но постојат раси чие крзно н...
Фотографии кои покажуваат дека животните ја чувствуваат нашата љубов Колку што ние си ги сакаме мачките и кучињата што ги чуваме дома, толку и тие нè...
Што да правите ако кучето ви уништува сè низ домот? Купете му играчки што може да ги гризе и смирено одвлечете му го вниманието кога...
Како да познаете дали вашето куче има болви (и како да се ослободите од нив)? Најбрзо решение се средствата против болви, но ако не станува збор за сериозен п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg