10 искрени кучешки заповеди
Љубителите на кутриња ќе го разберат секој збор, а идните сопственици добро е да ги запаметат.
Што секое кутре сака да ви каже во моментот кога ќе стапне во вашиот дом?
1. Мојот живот веројатно ќе трае помеѓу 10 и 15 години. И секое одвојување од тебе ќе ми биде болно, колку и да сум стар или млад. Имај го тоа на ум пред да ме земеш.
2. Дај ми време да сфатам што бараш од мене.
3. Имај доверба, тоа ми е важно.
4. Не се лути долго на мене и не ме казнувај со затворање. Ти ја имаш твојата работа, забава и пријатели, а јас те имам само тебе.
5. Зборувај ми. Ако не ги разбирам твоите зборови, тогаш го разбирам твојот глас.
6. Имај на ум дека никогаш нема да заборавам што си направил за мене. Колку и да мислиш дека имам кратка меморија.
7. Пред да ме удриш, сети се - Имам заби со кои лесно би можел да ти ги смачкам коските, но одбрав да не го направам тоа.
8. Пред да ме осудиш затоа што сум мрзелив или тврдоглав, запрашај се дали ме мачи нешто. Можеби не ја добивам правилната храна или предолго сум бил на студено или пак стареам и срцето ми е слабо.
9. Грижи се за мене кога ќе остарам. И тебе ќе ти се случи истото!
10. Дојди со мене на тешките патувања. Немој никогаш да кажеш „не можам ова да го гледам.“ Сè ми е полесно кога ти си до мене.