Бизарни подводни суштества кои изгледаат нереално (и застрашувачко)
Ајкула од видот Chlamydoselachus anguineus
Се претпоставува дека овој вид ајкули се стари повеќе од 80 милиони години, а живеат на длабочина до 1.500 метри.
Неретко пливаат со отворена уста и така го ловат нивниот плен.
Морско прасе (Scotoplanes)
Иако имаат исто име со слатките глодари, очигледно ова е многу поразличен вид кој изгледа како мал вонземјанин.
Овие суштества можат да достигнат должина до 17 сантиметри, а живеат на длабочина од 6.000 метри.
Риба од видот Melanocetus johnsonii
Овој вид е можеби најпознат од рибите кои живеат на огромни длабочини, а и честопати го гледаме во анимирани филмови.
Живеат на длабочина помеѓу 200 и 1.500 метри, а покрај страшните заби, друга интересна карактеристика им е „антената“ на главата која е биолуминисцентна, односно свети.
Морски ангел (clade Gymnosomata)
Овие мали суштества се нарекувани „морски ангели“ поради нивниот изглед.
Од копнените животни, најслични се со полжавите, но немаат школка, а нивното тело е транспарентно.
Имаат должина од околу два сантиметри и живеат на длабочина до 600 метри.
Спирова С. | Црнобело