Колкав е просечниот животен век на популарните раси на кучиња (и како да им го продолжите животот)?
Повеќето раси на кучиња живеат по најмалку 10 години. Но, покрај нивниот просечен животен век, многу е важно и како сопствениците се грижат за нив.
Сите би сакале нашите миленици да живеат колку и ние.
Додека постојат мачки и кучиња кои живеат по 20 години, па и повеќе, просечниот животен век на повеќето е 10-тина години.
Кога станува збор за кучиња, нивниот просечен животен век зависи од расата, но и од грижата што ја добиваат од сопствениците.
Неколку фактори кои влијаат врз животниот век на кучињата:
Животен стил
Исто како за луѓето, физичката активност е особено важна и за кучињата.
Не е доволно само да го изнесувате кучето надвор кога треба да оди во тоалет – морате да се осигурате и дека ќе се истрча.
Бидејќи секоја раса има различни потреби, важно е да истражите колку физичка активност му е потребна на вашето куче.
Генерално здравје
Важно е редовно да го носите кучето на преглед и да ги слушате препораките на вашиот ветеринар.
Истовремено, немојте да ги прескокнувате вакцините.
Некои раси се посклони кон одредени проблеми со здравјето, па препорачливо е да истражите и за ова.
Хигиена
Хигиената е клучна за здравјето на вашето куче, па немојте да ја занемарувате.
Неколку совети за одржување хигиена на вашето куче:
- Чистете му ги шепите по секое излегување надвор.
- Редовно бањајте го кучето – вашиот ветеринар ќе ви каже колку често во зависност од неговата раса.
- Ако кучето има долго крзно, редовно чешлајте го.
- Редовно чистете ги ушите на кучето.
- Не ја занемарувајте оралната хигиена.
- Секој ден мијте ги чиниите за храна и вода.
- Редовно чистете ги играчките на кучето.
- Редовно чистете го креветчето на кучето или местата на коишто сака да седи и спие.
Секогаш е добро да се консултирате и со вашиот ветеринар за одржување хигиена, во случај вашето куче да има одредени потреби.
Храна
Важно е кучето да јаде квалитетна храна која ги задоволува неговите потреби.
Неопходно е да внесува доволно протеини, масти, јаглехидрати, витамини и минерали.
Затоа, најдобро е да побарате совет од ветеринар во врска со храната за вашето куче.
Истовремено, истражете која „човечка“ храна не е погодна за кучиња.