Седам така сама, потполно сама. Музиката во ресторанот како да сака да ме растажи уште повеќе. Кога си среќен, секогаш песните те расположуваат дополнително, ти даваат адреналин и сила, но кога си тажен, ги разбираш нивните зборови, а нивната мелодија ја заигрува твојата душа со иста фрекфенција на тагата, сè додека не ја умори.