Вистина или мит: Дали од бричењето влакната стануваат потемни и погусти?
Сигурно многу пати сте слушнале дека никако не смеете да ги бричете нозете, а особено не понежните делови на телото, бидејќи ќе станете уште повлакнести. Но, сте се запрашале дали е тоа вистина?
Во недостаток на време за депилација многу жени посегнуваат по жилетот. За да се ослободат од несаканите влакна на нозете и другите клучни делови. Но, секогаш постои стравот и дилемата дека со тоа ќе се забрза нивниот раст, ќе станат потемни и ќе се згуснат.
Но, според истражувањата кои се направени добиен е одговорот кој ги негира сите дилеми. Бричењето на влакната може да ги направи само поостри, што дава чувство на грубост и јачината додека влакната растат. Од тие причини може да ви изгледаат подебели и потемни, но реално не се.
Подоцна, кога влакненцата ќе израснат, тоа чувство се губи, а причината зошто по бричењето брзо растат е затоа што нивниот корен е неоштетен и недопрен.
Додека при депилацијата со восок или депилатор влакната се вада од коренот и затоа им е потребно подолго време за повторно да израснат.
Но, доколку ви треба брзо решение, слободно може да ги избричете влакната без никаква грижа.
Би можело да ве интересира:





