Очите не лажат: 10 работи кои зениците може да ги откријат за вас

Очите се огледало на душата, сакале да признаете или не. И што е уште подобро или полошо, доволно е да се загледате само неколку секунди во туѓите очи за да знаете што точно мисли мозокот.

ocite-ne-lazat-10-raboti-koi-zenicite-moze-da-gi-otkrijat-za-vas-02.jpg

1. Напорно размислувам

Прашајте кој е главниот град на Македонија и веројатно ничии зеници нема да се прошират. Но, ако некого прашате да ви ги објасни правилата на бејзболот, неговите зеници ќе станат двојно поголеми. Научно е докажано дека колку повеќе човекот го напрега мозокот - толку пошироки му стануваат зениците. Сè до точката додека мислите не прегорат.


2. Мозкот е претрупан со информации

Кога мозокот на испитаникот работи со 125% од капацитетот, тогаш зениците се значително помали и собрани.


3. Оштетен мозок

Првата работа која ви ја проверуваат после потешка несреќа се очите и тоа со светло. Ако зениците се еднакви, овални и реагираат на светло тогаш се нормални. Во спротивно, мозокот е оштетен.


4. Заинтересиран сум

На група испитаници им биле дадени 3 различни романи - неутрален, еротски и „крвав“ роман со опишано мачење. На почетокот зениците се рашириле кај сите 3 романи, но останале раширени само кај последните два - оние со мачење и секс сцени.


5. Возбуден сум

И машките и женските зеници се шират кога се сексуално возбудени. Но, понекогаш проширените зеници се и знак дека човекот е заинтересиран за секс, без да биде возбуден.


6. Ми се гадиш

Како што зениците се шират кај сексуалното возбудување, така се собираат кога ќе видат нешто одвратно. На испитаниците кои гледале слики од повреди за момент зениците им се прошириле, но по неколку секунди им се стесниле за да ги избегнат вознемирувачките фотографии.


7. За кого гласаш

На било кој човек покажете му фотографија од политичар кој му е драг и зениците ќе му се рашират. Во спротивно, ако му покажете слика од некој кој го презира, тие ќе му се соберат.


8. Имам болки

Испитаниците кои се изложиле на благо електрошокови имале проширување на зениците за 0.2mm. Но, кај посилните болки бројката се зголемува.


9. Дрогиран сум, а веројатно знаете и со што

Некои наркотици како алкохолот и опојните дроги ги собираат зениците, а другите како што се кокаинот, амфетаминот и ЛСД ги шират. Сите зеници проширени над 3mm до 6,5mm се сомнителни за полицијата.


10. Ја откривам душата

Очите буквално ја откриваат личноста, посебно ако ги проучувате малите линии во зеницата. Ако тие изгледаат како оние под број 1, имате работа со мирна и добра личност. Ако изгледаат како оние под  број 3, внимавајте затоа што вашиот соговорник е посебно темпераментен.

ocite-ne-lazat-10-raboti-koi-zenicite-moze-da-gi-otkrijat-za-vas-03.jpg

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg