17 ситуации кои никогаш не се случуваат во реалниот живот
Познато е дека она што е на филм не е секогаш возможно во реалноста, но признајте дека за некои ситуации баш би сакале да бидат како во филмовите.
Колку пати, на пример сте замислувале дека може и ви да ги јадете шпагетите и пицата како Џулија Робертс во Eat Pray, Love, со толку сласт, а без да се размачкате на цело лице.
Или колку добро ви изгледало кога ветрот ја вее косата на Покахонтас, но неа не ѝ се мрси, туку ѝ останува исто убава како претходно.
Ова се 17 ситуации во кои ќе се пронајдете и барем еднаш сте посакале да ви се случат и реално:
1. Излегување само на едно пиво
2. Машко-женско пријателство во кое навистина нема никакви симпатии
3. Јадење хамбургер, пица или тестенини без да се размачкате на лицето
4. Случајно собрани луѓе наеднаш спонтано почнуваат исто да танцуваат
5. Девојки кои носат бели панталони додека се во ПМС
6. Случајно да седнеш до најзгодното/та момче/девојка
7. Да успееш да ги искажеш чувствата толку добро и лесно како кога вежбаш пред огледало
8. Пробување различна облека во бутик само поради забава со другарките
9. Да изгледате секси додека плачете
10. Да купите шише вино и да испиете само по една чаша одвреме-навреме
Уште 7 ситуации на следната страна...