Секој со своите проблеми, но на многу ниските девојки навистина не им е лесно во секојдневието. Колку и да не сакаат да признаат не им е сеедно кога одат по бутиците во кои сите парчиња облека се во димензии на куклите, двојно повисоки од нив. Или, пак, кога ќе се вљубат во прекрасно момче кое има над 190 cm, па едвај ги забележува.