Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Реченици што ги кажуваме, а знаеме дека не се точни: „За 5 минути стигнувам“

Секојдневно кажуваме ситни лаги кои свесно или несвесно ги употребуваме во комуникацијата со другите. Колку пати ви се случило да кажете дека веќе пристигнувате на некое место, а вие само што сте тргнале? Или да договорите кафе со пријатели кои одамна не сте ги виделе, а никој да не се сети после тоа?

recenici-sto-gi-kazuvame-a-znaeme-deka-ne-se-tocni-za-5-minuti-stignuvam-01

Постојано ги кажуваме, а всушност не ги мислиме реално.

1. „Ајде да се слушнеме и да одиме на кафе, па да разговараме на раат“

 – Сакам, но знам дека ќе те видам пак за 4 месеци и пак ќе го закажеме кафето, што пак нема да се случи.

2. „Стигнувам за 5 минути“

 – Пред 5 минути излегов од дома

3. „Леле колку ти е слатко бебето“

 – Сите бебиња ми се исти

4. „Само една пијачка и си доаѓам“

 – Ќе си дојдам доцна, ти слободно спиј.

5. „Како си помина за викендот?“

 – Не мислам каде беше, туку дали најде некој?

6. „Не сакам сериозна врска“

 – Не сакам сериозна врска, со тебе.

7. „Како се викаш?“

 – Не знам зошто те прашувам, кога секако ќе заборавам.

8. „Во гужва сум, може да те барам подоцна?“

 – Немам време сега да зборувам со тебе.

9. „Нема да стигнам вечер да се видиме, настинат/а сум“.

 – Супер сум само сака да останам дома и да гледам филм.

10. „Дали може да го изедам тоа што остана?“

 – Веќе е изедено, уште пред да одговориш.

11. „Опушти се, веќе заборавив што направи“

 – Не можам да те гледам

12. „Избегнувам какви било дискусии“

 – Всушност јас ги почнувам

13. „Баш е симпатична мачкава“

 – Подобро да не ми се приближува.

Какви ситни лаги употребувате вие?

Би можело да ве интересира:

Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
„Ако сте во брак и имате одделни финансии, не сте тим - вие сте само цимери со бурми“ „Во брак сте - не сте цимери. Парите не треба да бидат „мои“ или „твои“, туку „н...
11 фото-докази дека мажите може да бидат ужасни за соживот Oд јадење на питата од средина до хаос после нивниот кулинарски подвиг во кујнат...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg