Како да одберете боја според целта што сакате да ја постигнете

Науката докажува дека од гледањето во одредена нијанса може да ви помогне да се опуштите да се подготвите за новиот професионален проект или а да се опуштите по напорниот ден.

doznajte-kako-da-odberete-boja-spored-celta-sto-sakate-da-ja-postignete-01

Според зборовите на психолозите и стручњаците за бои, нијансите со кои доаѓате во контакт во текот на денот, од вашиот црвен лак за нокти па сè до бојата во вашиот животен простор имаат влијание на вашата состојба на умот.

Сакате да бидете фокусирани во текот на презентацијата? - Носете црвен лак за нокти

Зошто? – Оваа смела нијанса, според резултатите од студиите на Универзитетот Британска Колумбија, делува така што ќе почнете да обрнувате поголемо внимание на деталите. Црвената боја има најголема бранова должина во спектарот на бои, па на луѓето им е потребно подолго време за да ја одредат и затоа сите погледи ќе бидат упатени кон вас. Погледнете си ги ноктите пред да почнете да зборувате.

doznajte-kako-da-odberete-boja-spored-celta-sto-sakate-da-ja-postignete-1.jpg


Сакате да го започнете денот полни со енергија? – Ѕидовите во кујната обојте ги со жолта боја

Зошто? – Има нешто во врска со бојата што допринесува да се чувствувате поживо. Една неодамнешна студија за боите во просторот открила дека луѓето кои поминуваат време во жолта просторија активни и енергични од луѓето кои одмораат во соба со други бои, па затоа не пропуштајте наутро да го започнете денот енергично, додека го варите првото утринско кафе во жолтата кујна.

doznajte-kako-da-odberete-boja-spored-celta-sto-sakate-da-ja-postignete-2.jpg


Сакате да бидете насмеани и заводливи? – Некоја ваза со виолетови цвеќиња нека биде постојано во вашата дневна соба

Зошто? – Студија спроведена на Универзитетот Џорџија открила дека повеќето луѓе ја поврзуваат оваа боја со децата и смеењето, па затоа ако сте под стрес, застанете за момент и погледнете во цвеќето. Тоа ќе ви помогне да се опуштите.


Сакате да се опуштите тотално? – Користете зелена простирка за јога

Зошто? – Повеќето од нас ја поврзуваат зелената боја со вибрациите кои ги предизвикува природата. Студијата од Универзитетот Џорџија открива дека луѓето помислуваат на дрвја и билки кога ќе видат зелена боја и како последица на тоа се јавува чувство на релаксираност. Набљудувајте ги овие тонови додека се истегнувате и направете ја уште подобра секојдневната јога сесија.

doznajte-kako-da-odberete-boja-spored-celta-sto-sakate-da-ja-postignete-4.jpg


Сакате да бидете неодоливи? – Облечете кратко црно фустанче

Зошто? - Сами знаете дека се чувствувате секси во краткото црно фустанче, но оваа нијанса има моќ да направи да се чувствувате помоќно и поотмено, покажуваат студиите за влијанието на боите кое го спровел „Пантон“, институтот за боја.


Сакате да се мотивирате за тренинг? – Ставете си портокалови врвки на патиките

Зошто? – Портокаловата моментално е моден хит, а покрај тоа може и поволно да влијае на зголемувањето на вашата мотивација, откриваат студиите од Пантон институтот. Ставете си портокалови врвки на патиките и погледнувајте ги штом изгубите волја да вежбате за време на тренингот.

doznajte-kako-da-odberete-boja-spored-celta-sto-sakate-da-ja-postignete-6.jpg


Сакате да се инспирирате за да одберете идеален подарок за партнерот? – Запишете ги предлозите на кои помислувате со сино мастило

Зошто? – Истражувачите од Универзитетот Британска Колумбија откриле дека луѓето кои гледаат во сина нијанса постигнуваат подобри резултати кога е во прашање имагинацијата.  Пред да започнете да смислувате нови идеи, загледајте се во небото неколку минути и вашата креативност ќе дојде до израз.

doznajte-kako-da-odberete-boja-spored-celta-sto-sakate-da-ja-postignete-7.jpg


Сакате да се чувствувате опуштено по напорниот ден? – Седнете некаде на кафе

Зошто? – Без разлика дали се работи за некоја декорација или самото кафе, неговата кафена боја доминира на овие места и  се чини како идеален простор за опуштање кога надвор е облачно.

doznajte-kako-da-odberete-boja-spored-celta-sto-sakate-da-ja-postignete-8.jpg


Сакате да го преболите раскинувањето? – Ставете си бела прекривка на креветот

Зошто? – Студијата од Универзитетот Џорџија открила дека белата боја нè прави оптимистични во поглед на иднината. Промената на чаршафите е одличен начин за ослободување од енергијата на поранешниот партнер и освежувањето на просторијата со нови бели чаршафи.

doznajte-kako-da-odberete-boja-spored-celta-sto-sakate-da-ja-postignete-9.jpg

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
6 работи што им се познати само на силните и независни жени Никогаш не барате помош и генерално сакате да бидете сами бидејќи вистински ужив...
Бонтон грешки со кои несвесно го иритирате персоналот во ресторан (и им ја отежнувате работата) Со едно кафе, седите по неколку часа и одите во ресторан кога е очигледно дека с...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg