Според дезенот на краватата откријте го неговиот карактер

Добро познато ви е дека жените се ситничари и го проучуваат и најмалиот детаљ кој за момците не е од посебно значење.

spored-dezenot-na-kravatata-otkrijte-go-negoviot-karakter-01

Така, сега според краватата ќе можете да го откриете неговиот карактер:

1. Кравата со цветен дезен - Цветовите се храбар избор на веселите и позитивни мажи. Во сè успеваат да пронајдат позитивна страна, уживаат во секој нов ден и со проблемите не се оптеретуваат предолго. Тие не се обидуваат во еден ден да завршат сè што можат, па токму овие мажи се одличен пример од кој треба да учите за ставовите во животот и за тоа како да го избегнете стресот.

2. Лептир машна - Овие машни ги носат исклучиво индивидуалците кои сакаат да го променат светот и да научат нешто ново. Овие мажи се навикнати да бидат поинакви од другите и го обожаваат тоа. Вклопувањето во масата за нив е непознат поим, па секогаш пронаоѓаат начин да се издвојат од останатите.

3. Кравата со животински дезен - Без оглед за кое животно се работи, зад оваа кравата се крие маж кој е едно големо дете. На прв поглед е тешко да го препознаете, но по неколку минути поминати со него сè ќе ви стане јасно. Ако сакате да се забавувате и не мислите на последиците, овој маж е добар избор. Освен ако и вие не сте едно големо дете длабоко во себе, тогаш овој тип на маж ќе ве иритира секојдневно.

4. Кравата со пруги - Перфекционист, кратко и јасно. Тој е човек кој сака да има се испланирано и нема место за спонтаност. Ако овој маж ви се допадне, бидете подготвени на заеднички живот во кој секој момент ќе биде испланиран, барем во следните 2-3 години. Исто така подгответе се за уредност и чистота, која очекува да биде обострана.

5. Еднобојна кравата - Иако на прв поглед изгледаат старомодно, тие ја следат модата и сакаат да се секогаш дотерани. Бојата на краватата најчесто е хит бојата за претстојната сезона, во повеќе нијанси. Овој тип на маж знае буквално се за жените, но не бидете убедени дека ќе му се допаднете ако облечете модел на фустан кој веќе одамна не се носи.

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Мажите си ги разменуваат жените, имаат секс по 5 пати на ден: Факти за Бушманите Поим за убавина им се жените со голем задник, пушат халуциногена билка и имаат с...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
11 фото-докази дека мажите може да бидат ужасни за соживот Oд јадење на питата од средина до хаос после нивниот кулинарски подвиг во кујнат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg