Работи кои не сте ги знаеле за вашата омилена игра Монопол
Некогаш летните одмори не можевме да ги замислиме без оваа игра. Со часови се натпреваруваме со пријателите и семејството купувајќи градови, градејќи хотели, куќи, а понекогаш завршувавме и во затворските ќелии на Монопол.
Погледнете ги овие работи кои со сигурност не сте ги знаеле додека сте уживале во забавата играјќи Монопол:
Статистика
Да започнеме од најинтересното, статистиката вели дека дури еден билион луѓе низ светот ја играле токму оваа игра. Овој факт ја објаснува причината за многуте изградени зелени куќи и црвени хотели секаде низ светот во времето кога оваа игра ја достигнуваше својата најголема популарност.
Најдолга игра
Сигурно сѐ уште ги помните оние долги часови поминати на масата и играјќи монопол. Гледано просечно, оваа игра трае околу 4 часа, а најдолгата игра траела 70 денови. Замислете да посветите 10 недели од вашиот живот само на играње Монопол.
Монопол за слепи лица
Во доцните 70-ти години Монопол издал едиција за луѓето чиј вид е оштетен. Единствениот проблем кај оваа едиција е тоа што било тешко да се најде, но, сепак, може да ја побарате на интернет. Секој од нас треба да има еднаква шанса да ја проба оваа игра, зарем не?
Развиток низ времето
Она што е фасцинантно за оваа игра е нејзиниот развиток и еволуција низ времето. Монопоотл е достапен на седум платформи низ 27 светски држави. Оваа игра е достапна на повеќе од 20 јазици и во овој момент се одвиваат десетина милиони симнувања на Монопол од интернет.
Пиончиња
Постојат најразлични пиончиња со кои се поминуваа монополските полиња. Некои од нас играа со чизма, други со автомобил...Но, дали знаевте дека во раните 50-ти најчесто се користеле фигурите куче, јавач на коњи и мала количка?
Споделете и вие некој интересен податок за оваа игра. На што вас ве асоцира кога некој ќе ви ја спомене играта Монопол?