Настани кои се случија точно пред почетокот на ковид пандемијата, но ни изгледаат како пред цела вечност
Без разлика што ни изгледаат како 10, ковид пандемијата почна пред само 3 години, а кратко пред нејзиниот почеток, Меган Фокс уште беше во брак со Брајан Остин Грин, а Атиџе стана ѕвезда благодарение на номинацијата за Оскар на македонскиот филм „Медена земја“. За кои други настани нема да ви се верува дека се случија пред самиот почеток на пандемијата?
На 11 март 2020 година, Светската здравствена организација соопшти дека се соочуваме со пандемија. Набрзо потоа почнаа рестрикциите кои драстично ни ги променија животите.
Иако од почетокот на пандемијата имаат поминато само три години, постојаното седење дома и неможноста да правиме што било, ни ја променија перцепцијата за времето.
Па, за многумина, трите години изгледаат како цела вечност.
Неколку настани кои нема да ви се верува дека се случија пред само три години:
Околу еден месец пред почетокот на пандемијата, Шакира и Џеј Ло настапуваа на полувремето на Super Bowl.
Се одржа доделувањето на Греми наградите кога Били Ајлиш освои еден куп статуетки.
Меган Фокс и Брајан Остин Грин уште беа заедно.
Истото важи и за Џеј Ло и Алекс Родригез…
…како и Џиџи Хадид и Зејн Малик.
Шон Мендез и Камила Кабејо уште беа пар.
Оскари 2020 година беа најголемиот настан пред сите да се затвориме дома.
И, сите зборувавме за оскаровецот Parasite.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





