10 необични детали од животот на Јапонците што ќе ве изненадат
Фирма од Јапонија им нуди платен одмор на вработените доколку нивниот омилен пејач почине или се пензионира – секојдневието и начинот на живот на Јапонците секогаш изненадуваат.
Дури и ако знаете многу работи за Јапонија, сигурни сме дека секогаш постои по некоја ситница што може да ве изненади.
Неколку необични детали од секојдневието на Јапонците што веројатно не сте ги знаеле:
Можат да земат платен одмор ако омилениот пејач почине
Од 2021 година, јапонската фирма Hiroro им дозволува на вработените да земат платен одмор доколку нивен омилен пејач почине или се пензионира.
Според основачот и извршниот директор на фирмата, смртта на идолот може да биде потресна за вработените, па важно било да имаат можност да се погрижат за нивното ментално здравје.
Младите Јапонци можат многу да се приврзат за нивните идоли, па веројатно оваа одлука има смисла во Јапонија.
Купуваат перница што преде наместо мачка
Постојат многу луѓе кои сакаат да чуваат мачка, но од разни причини, како алергии, не можат.
Нормално, Јапонците имаат решение и за ова.
Вo Јапонија можете да си купите перниче во форма на мачка кое преде.
Користат тоалетна школка со вграден мијалник
За да се намали потрошувачката на вода, во Јапонија постојат тоалетни школки со вграден мијалник.
Водата од мијалникот го полни казанчето и потоа може да се искористи за тоалетната школка.
Прават уникатни торти и слатки
Во Јапонија можете да ги најдете најлудите слатки, торти и колачи.
Најпопуларните го носат името wagashi и се служат со зелен чај.
Обично се прават од паста од ориз, паста од вид грав и овошје, а секогаш имаат и впечатлив дизајн.
Сакаат необичен спој на вкусови
Во Јапонија можете да најдете чипс со секаков вкус.
Покрај вообичаените што ги има и кај нас, овде се продава чипс со вкус на јагода, мајонез, ракчиња, кисела слива…