10 необични детали од животот на Јапонците што ќе ве изненадат
Компаниите покажуваат огромна почит кон потрошувачите
Јапонските компании секогаш имаат огромна почит кон нивните потрошувачи.
На пример, неодамна компанија која произведува популарни грицки во Јапонија ја зголеми цената на продуктот, а поради ова јавно им се извини на купувачите.
Има многу врнежи од снег
Во поголемите јапонски градови, како Токио, Кјото и Осака, врнежите од снег се поретки.
Но, на другите места речиси целата зима врне снег. Покрај тоа, сезоната на врнежи трае многу долго – во некои области почнува во ноември и трае до мај.
Маркетите продаваат храна за авион
Во многу јапонски продавници можете да купите храна за во авион.
Ова се цели оброци спакувани во компактна амбалажа и наводно се многу вкусни.
Сакаат уникатен маникир
Жените во Јапонија обожаваат маникир и најчесто го прават со гел.
Овде доста популарни се и 3Д дезените со слатки ликови, најчесто од аниме цртани.
Имаат луди продукти за убавина
Веројатно никој нема толку разновидни продукти за убавина колку Јапонија.
На пример, на фотографијата подолу е прикажана маска за очи со загревачки ефект.
Маската ја загрева областа околу очите и наводно помага во отстранувањето на подочниците.
Спирова С. | Црнобело