12 заповеди за среќа

12-zapovedi-za-sreka-povekjeАко сакате да бидете среќни и задоволни, мора на животот да му пристапите со одреден став и секогаш да ги гледате работите од ведрата страна.


Истражувањата покажале дека најважно е да се придржувате до овие 12 правила:

1. Оптимизам. Прифаќање на сите животни искуства, дури и оние болните, со идеја дека нешто добро мора да се случи – ова е начинот на кој функционираат оптимистите. Најчесто трагедиите се оние кои овозможуваат на луѓето да сфатат дека поголем дел од работите во животот не се вредни нервози и не се сметаат за проблем.

12-zapovedi-za-sreka

2. Љубов. Фактот дека некој се грижи за вас е најголем предуслов за среќа. Без разлика дали станува збор за романтична љубов или родителска, пријателска, чувството е бесценето.

3. Храброст. Ако се однесувате спротивно на своите убедувања, ќе се најдете во војна сами со себе. Стоите зад своите ставови и храбро истакнете ги.

4. Можност за избор. Самосталните и самоуверените луѓе секогаш пред себе имаат повеќе избор кога ќе се најдат во несоодветна ситуација.

5. Проактивност. Нови искуства, потреба за истражување на животот. Секој ден направете по една грешка. Тоа ќе ве охрабри да испробате нови искуства кои во спротивно би ги избегнувале заради стравот од неуспех.

6. Сигурност. Сигурноста подразбира добро чувство за окружувањето во кое живеете. Среќните луѓе едноставно го сакаат фактот што се онакви какви што се. Тие не се робови на популарноста или финансискиот статус.

7. Добро здравје. Телото и умот се поврзани, затоа грижата за себе значи голем плус за вашата среќа. Движете се, редовно шетајте, танцувајте, вежбајте – било каква физичка активност ослободува ендорфин и го зголемува нивото на серотонин.

8. Духовност. Научниците тврдат дека религијата влијае позитивно на физичкото и менталното здравје.

9. Алтруизам. Несебичното давање без очекување е еден од најлесните начини да се чувствувате добро. Алтруизмот ве поврзува со другите, ви дава причина за да одите понатаму.

10. Перспектива. За да го гледате светот од позитивен аспект, научниците советуваат споредба на лошите ситуации со најлошото можно сценарио кое може да ви се случи. На пример, будењето за работа во 7 часот наутро – да е мачно, но уште би било полошо да немате работа.

11.  Хумор. Смеењето прави да се чувствувате добро. Секој ден смејте се барем еднаш гласно и од срце.

12.  Поента. Да имате причина зошто се будите наутро – ова е најголем мотив кој поттикнува задоволство. Некој ја наоѓа смислата на животот во работата, некој во професијата, некој во семејството. Важно е да имате нешто или некој кој ве исполнува.

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: Луѓе од кои треба да се држите настрана Луѓе кои не ве почитуваат кога не им требате, но и луѓе кои постојано се негатив...
5 чести грешки што треба да ги имате предвид пред да се тетовирате Добро размислете која големина најмногу ќе ви одговара на вашата тетоважа, а ако...
Детали за животот на Швеѓаните што се „културен шок“ за секој турист Професорите не очекуваат учениците да им се обраќаат со „професоре“, а пијалаци ...
7 (психолошки) знаци дека сте биле емоционално запоставувани како дете Се плашите да зависите од другите луѓе, не сакате да зборувате за сопствените ем...
Најбогатото куче на светот живее во раскош - поседува вили и јахти, а на одмор оди со приватен авион Богатството го наследил од својот татко, а за него е снимена и серија на Нетфлик...
Си легнуваш гладен и уште 9 работи што ги разбираат само оние кои живееле во сиромаштија „Сиромаштијата значи постојано планирање за следниот оброк, за следната сметка, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg