Си легнуваш гладен и уште 9 работи што ги разбираат само оние кои живееле во сиромаштија

„Сиромаштијата значи постојано планирање за следниот оброк, за следната сметка, за следната криза…“

si-legnuvash-gladen-bidejkji-nemash-pari-za-hrana-raboti-shto-kje-gi-razberat-samo-onie-koi-zhiveele-vo-siromashtija-01.jpg

Сиромаштијата е глобален проблем со кој се соочуваат милиони луѓе ширум светот – околу 9% од целата популација.

Со поскапувањето на основните работи за живот, како храна и домување, експертите проценуваат дека изминативе неколку години овој проблем само се влошува.

А, само оние кои ја искусиле сиромаштијата на своја кожа можат да ги разберат сите предизвици кои доаѓаат со неа.

На Редит, неколку луѓе кои пораснале во сиромаштија ги споделуваат нивните искуства.

Односно, откриваат кои се работите што им се јасни само на луѓето кои живееле во сиромаштија.

Дел од нивните одговори во продолжение:

„Постојано се чувствуваш уморно. Не можеш да се релаксираш бидејќи постојано мислиш дека треба да правиш или да поправиш нешто.

Сиромаштијата значи постојано планирање за следниот оброк, за следната сметка, за следната криза…“

„Скапо е да бидеш сиромашен. На пример, ако не можеш веднаш да платиш некоја казна, долгот ќе се зголеми и на крај ќе треба да платиш повеќе.

Ако имаш расипан заб и не можеш да платиш за заболекар, проблемот ќе се влоши и потоа ќе треба да платиш уште повеќе“.

si-legnuvash-gladen-bidejkji-nemash-pari-za-hrana-raboti-shto-kje-gi-razberat-samo-onie-koi-zhiveele-vo-siromashtija-02.JPG

„Богатите не разбираат како е да бидеш жртва на булинг само затоа што доаѓаш од сиромашно семејство“.

„Кога си многу гладен, но немаш пари за храна, единствената опција ти е да пробаш да спиеш со надеж дека кога ќе се разбудиш, нема да бидеш толку гладен“.

si-legnuvash-gladen-bidejkji-nemash-pari-za-hrana-raboti-shto-kje-gi-razberat-samo-onie-koi-zhiveele-vo-siromashtija-03.JPG

„Да остануваш дома кога соучениците одат на екскурзии бидејќи родителите немаат пари да платат“.

„Анксиозноста кога плаќаш во маркет. Знаеш дека не можеш да вратиш ништо бидејќи купуваш само неопходни работи, и тоа најевтините, но некако сè ти изгледа прескапо“.

si-legnuvash-gladen-bidejkji-nemash-pari-za-hrana-raboti-shto-kje-gi-razberat-samo-onie-koi-zhiveele-vo-siromashtija-04.JPG

„Несигурноста за храна. Сега имам 60 години, немам долгови и сум финансиски стабилен. Но, уште чувам залихи храна за секој случај.

Многу добро се сеќавам на периодот кога гладував или можев да изедам само мала порција“.

„Најнеопходните работи за живот ти се луксуз“.

si-legnuvash-gladen-bidejkji-nemash-pari-za-hrana-raboti-shto-kje-gi-razberat-samo-onie-koi-zhiveele-vo-siromashtija-05.JPG

„Како личност која порасна во сиромаштија, сакам да ви кажам дека детето во класот кое мириса непријатно, можеби нема пари за дезодоранс“.

„Да се биде сиромашен значи постојано да се грижиш за најосновните потреби и стабилноста“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
5 работи што не треба да ги подарувате на домаќините за Св. Никола (и со што да ги замените) Со пари може да ги навредите домаќините, кои ќе помислат дека сакате да си ја пл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg