Многу растеглива кожа, вишок заби: 9 луѓе со необични физички карактеристики
Гери Турнер има нарушување поради кое кожата му е многу растеглива – тој може да си ја растегне кожата на стомакот дури 15 сантиметри.
Секој човек е уникатен, но некои „главни“ карактеристики се исти кај повеќето.
Сепак, постојат и луѓе со навистина необични карактеристики кои дури изгледаат нереално.
9 луѓе со необични физички карактеристики:
Највлакнестиот човек во светот
Во 2002 година, Ју Женуан беше прогласен за највлакнестиот човек во светот од страна на Гинис.
Тој има ретко нарушување поради кое 96% од неговото тело е покриено со густи влакна.
Луѓе со вишок заби
Возрасните луѓе, во просек, имаат 32 заба.
Но, постои нарушување познато како хипердонтија поради кое некои луѓе имаат (многу) повеќе од 32 заба.
Иако изгледа како страшнен проблем, ова нарушување генерално не им предизвикува болки на луѓето.
Жена која може да ги испакне очите
Кит Гудман има способност која може да ве исплаши. Таа може да ги испакне нејзините очи околу 12 милиметри.
Причината за овој талент е нарушување поради кое очите можат да се изместат од нивната положба.
Мажот со најголемиот нос на светот
Мехмет Озурек од Турција го држи рекордот за најголем нос на светот, и тоа уште од 2010 година.
Неговиот нос е долг 8,8 сантиметри.