Зошто монетите имаат здебелени рабови и уште 6 секојдневни предмети со скриени функции
Мала дупка на катанците
Оваа дупка е како мал одвод за катанците.
Ако времето е врнежливо или катанецот е во влажна средина, водата истекува од ова дупче и го спречува рѓосувањето на внатрешниот механизам.
Бакарни брави
Веројатно сте забележале дека бравите најчесто се прават од бакар, а има навистина добра причина за ова.
Бактериите и бројни штетни микроорганизми не можат да преживеат на бакарна површина, па ова го прави бакарот совршен материјал за предмет кој се допира многу често.
Здебелени рабови на монетите
Монетите од сите држави имаат здебелени рабови, а овој дизајн потекнува од 1500-тите, а можеби и порано.
Во минатото, монетите во многу држави содржеле метали како сребро и злато.
Поради ова, луѓето неретко ги поткршувале и ги продавале делчињата.
За да се реши овој проблем, почнале да се произведуваат монети со задебелени рабови кои е практично невозможно да се скршат, а дизајнот останал до денес.
Правоаголници со разни бои на пастите за заби
Постои теорија дека овие мали правоаголници покажуваат какви состојки има пастата.
Но, компаниите кои произведуваат пасти за заби го побиваат верувањето. Според нив, овие правоаголници го означуваат крајот на тубата за сензорите на машината за сечење.
Односно, кога машината ќе го детектира правоаголникот, знае каде треба да ја пресече и запечати тубата.
Спирова С. | Црнобело