Зошто монетите имаат здебелени рабови и уште 6 секојдневни предмети со скриени функции
Бравите и кваките најчесто се изработуваат од бакар бидејќи бактериите и многу микроорганизми не можат да преживеат на овој материјал. Кои други секојдневни предмети имаат скриени функции што сигурно не ги знаете?
Ретко кој обрнува внимание на сите детали на предметите што ги користи секојдневно. Но, некогаш овие детали се навистина генијален начин да се подобри ефикасноста на предметот.
Неколку секојдневни предмети и нивните скриени функции:
Велосипедски седишта со дупка во средината
Ова дупка го намалува притисокот во областа на гениталиите – нешто што е особено важно кај луѓе кои често возат велосипед, особено професионални велосипедисти.
Мала дупка на мијалникот
Во случај да се затне главниот одвод на мијалникот, оваа дупка ќе го забави неговото полнење со вода. Ова, пак, ќе ви даде време да делувате пред мијалникот да се преполни.
Мала топка на зимски капи
Денес овие мали топки на зимските капи се само декорација. Но, низ историјата, овие топчиња имале различно значење.
На пример, во некои држави војниците имале вакви топчиња на капите со кои се означувал нивниот ранг.
Во Јужна Америка, пак, во зависност од бојата, топчињата го покажувале брачниот статус на луѓето што ги носеле.
Од друга страна, некои морнари имале топчиња на капите за да не си ја удираат главата од ниските тавани во кабините на бродот кога пловеле низ бранови.
Се претпоставува дека топчињата почнале да се прославуваат како моден додаток по Првата светска војна, бидејќи биле евтини.