Мистериозното исчезнување на Агата Кристи - не се сеќавала каде била, ја барале 1.000 полицајци

Нема кој не слушнал за делата Агата Кристи и ексцентричниот детектив Херкул Поаро, главен лик во мистериите посветени на неговите авантури - сите сме израснале со нејзините книги. Позната по тоа дека е кралица на мистеријата, Агата Кристи не се соочувала со темни и мрачни приказни и заплети само во нејзината имагинација. Впрочем, редица мистерии ѝ го зачинувале и животот. А, една од нив е нејзиното мистериозно 11-дневно исчезнување.

misterioznoto-ischeznuvanje-na-agatha-christie-001.jpg

На 3 декември 1926 година, англиската писателка исчезнала од нејзиниот дом во Беркшир. Приказната за нејзиното исчезнување била на насловните страници на сите весници: зачинета приказна со сите елементи на една од нејзините мистерии.

А, која била вистината за нејзиното исчезнување?

Околу 21:30 часот на 3 декември 1926 година, Агата Кристи станала од својата фотелја и се качила по скалите во својот дом на вториот кат. Ја бакнала седумгодишната заспана ќерка Розалинд и повторно се вратила на долниот кат. Потоа се качила во нејзиниот автомобил и заминала.

Misterioznoto-ischeznuvanje-na-Agatha-Christie-03.jpg

Нејзиното исчезнување ја предизвикало една од најголемите човечки потраги што некогаш биле организирана. Во тоа време, Агата Кристи веќе била позната писателка.

Па затоа повеќе од илјада полицајци биле назначени за случајот, заедно со стотици цивили. Во потрагата за првпат се вклучиле и авиони.

Тогашниот министер за внатрешни работи, Вилијам Џојнсон-Хикс, директно се вклучил во потрагата, заедно со двајца од најпознатите британски писатели на мистерии - Сер Артур Конан Дојл, креаторот на Шерлок Холмс, и Дороти Л. Сајерс, авторка на серијата Лорд Питер Вимси.

Властите се надевале дека нивното специјалистичко знаење ќе помогнело за да се пронајде исчезнатата писателка.

Misterioznoto-ischeznuvanje-na-Agatha-Christie-04.png

По некое време, нејзиниот автомобил бил лоциран на стрмна падина во Њуландс Корнер во близина на градот Гилдфорд. Но, немало никаков знак од самата Агата Кристи, ниту пак биле најдени докази дека доживеала некаква несреќа.

Како што напредувала истрагата, шпекулациите почнале да се зголемуваат. Весниците почнале да измислуваат уште побизарни теории за тоа што би можело да се случи.

Блиску до местото на напуштениот автомобил се наоѓал природен извор, каде што се верувало дека загинале две мали деца. Почнале да се шират гласини дека авторката намерно си го одзела животот токму во тој извор.

Но, ништо не алудирало на тоа дека била депресивна и дека сакала да си го одземе животот.

Некои дури и сугерирале дека исчезнувањето е само некаков трик за публицитет, односно паметна измама за промовирање на нејзината нова книга.

Други почнале да шпекулираат дека таа била убиена од нејзиниот сопруг, Арчи Кристи, поранешен пилот од Првата светска војна кој бил и љубовџија.

Misterioznoto-ischeznuvanje-na-Agatha-Christie-05.jpg

Авторот Артур Конан Дојл, кој бил посветен окултист, се обидел да искористи паранормални моќи за да ја реши мистеријата.

Тој однел една од ракавиците на Кристи кај познат видовит медиум со надеж дека ќе може да даде некакви одговори. Но, неуспешно.

Дури и Дороти Сајерс го посетила местото на исчезнувањето на писателката за да најде можни индиции. Исто, неуспешно.

До втората седмица од потрагата, веста за нејзиното исчезнување се раширила низ целиот свет.

misterioznoto-ischeznuvanje-na-agatha-christie-005.jpg

Дури на 14 декември, нешто повеќе од единаесет дена откако исчезнала, Агата Кристи била лоцирана. Таа била пронајдена безбедна и здрава во хотел во Харогејт, но во околности толку чудни, што биле покренати повеќе прашања отколку што биле дадени одговори.

Самата Кристи не можела да објасни што се случило. Таа не се сеќавала на ништо.

Полицијата дошла до заклучок дека Агата Кристи излегла од домот и се упатила накај Лондон, при што удрила со својот автомобил на патот. Таа тогаш се качила на воз за Харогејт.

По пристигнувањето во градот, таа се пријавила во хотелот речиси без никаков багаж со неа.

misterioznoto-ischeznuvanje-na-agatha-christie-006.jpg

Но, најбизарно од сè е што таа го искористила името Тереза Ниле, љубовницата на нејзиниот сопруг. Ја препознал еден од гостите во хотелот кој потоа ја известил полицијата.

Полицијата потоа го известила нејзиниот сопруг, полковникот Кристи, кој веднаш дошол да ја земе Агата.

Агата Кристи никогаш не проговорила за тие 11 дена од нејзиниот живот. Низ годините имало редица шпекулации за тоа што навистина се случило помеѓу 3 и 14 декември 1926 година.

Нејзиниот сопруг рекол дека таа претрпела целосно губење на меморијата како резултат на сообраќајната несреќа.

Но, според биографот Ендрју Норман, авторката била во состојба на психоген транс. Тоа е ретка состојба предизвикана од траума или депресија. Норман вели дека нејзиното присвојување на нов идентитет и неуспехот да се препознае себеси на фотографиите од весниците биле знаци дека паднала во психогена амнезија.

Misterioznoto-ischeznuvanje-na-Agatha-Christie-06.jpg

Наскоро Агата целосно закрепнала и продолжила со својата творечка кариера. Но, таа повеќе не сакала да го толерира изневерувањето на нејзиниот сопруг: се развела од него во 1928 година, а подоцна се омажила за угледниот археолог Сер Макс Малован.

Веројатно никогаш нема да знаеме со сигурност што се случило во тие единаесет дена. Агата Кристи оставила мистерија која ни Херкул Поаро не би можел да ја реши.

К. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...
10 работи кои ако сте ги постигнале во животот - значи дека сте успеале Ако можете самоуверено да кажете „не“ во ситуации кога тоа е потребно, сте совла...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg