Чоколаден ликер

cokoladen-liker-povekjeШтом малку застуди ни текнува на топлото чоколадо. Во овој вкусен пијалак секој ужива, а ние ќе ви предложиме малку да експериментирате...


...и да ги испробате ароматичните мешавини на чоколадото и румот.

Чоколаден ликерcokoladen-liker

Потребни состојки:

1,5 l млеко, 500 g шеќер, 500 ml рум, 2 пудинга од чоколадо, 100 g какао, една кесичка ванила.

Подготовка:

Пудингот и какаото разматете го во 300ml студено млеко, а останатото млеко ставете го да зоврие. Кога ќе зоврие, додајте го шеќерот, ванилиниот шеќер и варете се додека не се стопи.

Додајте го пудингот и какаото, па мешајте две до три минути. Во жешката смеса додајте рум, измешајте и изладете ја смесата. Изладениот ликер ставете го во шишиња и чувајте го на студено.

Чоколадниот ликер се служи со коцка мраз. Пред да се стави во шишиња убаво измешајте го. Доколку сакате ликерот да биде поредок, намалете ја количината на рум и шеќер, а зголемете ја количината на млеко.

Би можело да ве интересира:

Иронијата во нашето секојдневие низ илустрации – погледнете двапати ако не ги разбирате на прв погле... Апсурдни ситници од нашето секојдневие на кои не обрнуваме внимание, но се одлич...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
6 работи што луѓето со анксиозност сакаат да ги разбереме Не можат да се ослободат од анксиозноста со позитивно мислење и доста често нема...
Како да ги изберете вистинските очила (според формата на лицето)? Ако имате овално лице, рамките на очилата треба да бидат широки колку најши...
Забавни историски фотографии што ќе ви ја променат перцепцијата за минатото Работници ја фарбаат Ајфеловата кула, уметници работат на раката на Статуата на ...
Модерни навики и промени во светот што им пречат и на младите луѓе „Преку глава ми е што треба да користам посебна апликација за секој аспект од жи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg