Модерни навики и промени во светот што им пречат и на младите луѓе
„Преку глава ми е што треба да користам посебна апликација за секој аспект од животот. Апликација за да го паркирам автомобилот, апликација за секоја продавница, за секој ресторан...“ Која модерна промена или навика ви пречи вам?
Изминативе десет години, светот сигурно се промени побрзо од кога било.
Ако сте од генерацијата милениумци, доволно е само да го споредите вашето детство со животот што го водите сега.
За милениумците, ова е период кој не опфаќа многу години, но разликите се несомнено огромни.
Иако дел од промените во светот се добри и навистина ни користат, дефинитивно има и промени кои не им се допаѓаат дури ни на помладите.
Со објава на Твитер, една девојка ги праша твитерџиите кои се промените и модерните навики што не им се допаѓаат и веруваме дека ќе се пронајдете барем во дел од одговорите.
Што одговорија твитерџиите?
„Преку глава ми е што треба да користам посебна апликација за секој аспект од животот. Апликација за да го паркирам автомобилот, апликација за секоја продавница, за секој ресторан…“
„Децата премногу користат таблети. Ако не можете да набрзина да отидете во продавница без вашето дете да гледа во таблет, тоа е лошо. Децата постојат милиони години без овие уреди и не знаеме какво влијание имаат врз нивните мозоци“.
„Не ми се допаѓа што на луѓето им стана чудно да разговараат со непознати. Јас можам да почнам да си разговарам со кого било, а ова го излудува мојот сопруг. Тажно е што ја губиме поврзаноста едни со други“.
„Не ми се допаѓа кога треба а скенирам QR код за мени во ресторан“.
„Не ми се допаѓа тоа што луѓето веќе не сакаат да зборуваат на телефон“.
„Најмногу се нервирам кога луѓето возат многу брзо“.
„Мразам кога некој гласно слуша музика во јавност. Купете си слушалки! Не сакаат сите да слушаат видеа од ТикТок“.
„Не ми се допаѓа колку е тивко во мојата училница пред да почне часот поради смартфоните. Порано учениците си зборуваа едни со други, но сега сите гледаат во екран“.
„Треба да помниме премногу лозинки и одзема многу време постојано да смислуваме уникатни“.
„Не сакам премногу ’паметни‘ уреди во мојот дом, како Alexa – мислам дека е морничаво и непотребно“.
„Најпопуларната музика е ужасна и сите песни ми звучат исто“.
Спирова С. | Црнобело