КОВИД-19 и уште 4 најсмртоносни пандемии и епидемии во историјата на човештвото

Црната смрт, позната и како Црна чума, е пандемија која траела од 1346 до 1353 година и била причина за смртта на над 30% од населението во Европа. Кои се другите најсмртоносни пандемии со кои се соочило човештвото?

kovid-19-i-ushte-4-najsmrtonosni-pandemii-i-epidemii-vo-istorijata-na-choveshtvoto-01.jpg

Пандемиите, како оваа со којашто се соочуваме во последните години, не се ништо ново во човечката историја.

А, во минатото, кога луѓето ги немале денешните технологии и знаења, пандемиите биле многу, многу посмртоносни.

Сепак, и покрај она што ни е достапно денес, пандемијата со корона вирусот се вбројува помеѓу најсмртоносните во историјата на човештвото.

Кои се другите најопасни пандемии со кои се соочиле луѓето?

Црна смрт (или црна чума) – помеѓу 75 и 200 милиони смртни случаи

Црната смрт е најсмртоносната пандемија што ја видело човештвото и била предизвикана од болеста чума.

Пандемијата ги зафатила Северна Америка и Западна Евроазија, а траела од 1346 до 1353 година.

Пикот на пандемијата бил во Европа, во периодот од 1347 до 1351 година.

ДНК анализите на трупови од тој период покажале дека чумата најверојатно била предизвикана од бактеријата Yersinia pestis, која се пренесувала преку болви кои каснале заразени стаорци. 

Се претпоставува дека болеста еволуирала и почнала да се шири и преку директен контакт со заразена личност.

Некои експерти веруваат дека пандемијата била комбинација и од други болести, како тифус и мали сипаници.

Пандемијата била толку смртоносна, што се проценува дека е причина за смртта 30% до 60% од целото население во Европа, како и една третина од населението на Средниот Исток.

Експертите веруваат дека поради пандемијата, населението на Земјата се намалило од 475 милиони, на 350-370 милиони луѓе.

Морничава, но интересна е теоријата дека токму оваа пандемија придонела за развојот на Европа.

Поради многуте смртни случаи, било тешко да се најдат работници, што значи тие добивале многу поголема плата и со ова се зголемил нивниот животен стандард.

Се верува и дека недостатокот од работна сила го мотивирал човештвото да почне да се фокусира на развој на технологијата.

Не е познато како почнала пандемијата, додека повеќето верници од овој период верувале дека е казна од Бог.

Иако научниците уште дебатираат што точно ја започнало пандемијата, јасно е дека ниското ниво на хигиена во овој период е една од главните причини за брзото ширење на болеста.

kovid-19-i-ushte-4-najsmrtonosni-pandemii-i-epidemii-vo-istorijata-na-choveshtvoto-02.jpg

Шпански грип – помеѓу 25 и 50 милиони смртни случаи

Пандемијата со таканаречениот шпански грип започнала во 1918 година, кон крајот на Првата светска војна.

Болеста била предизвикана од вирусот H1N1 influenza A, кој го носи името шпански грип само затоа што овде биле забележани првите случаи.

Односно, грипот не потекнувал од Шпанија, но Шпанците биле првите кои го известиле светот за болеста, додека другите држави ги криеле своите случаи за да избегнат лоша репутација.

Пандемијата траела кратко во споредба со Црната чума – од 1918 до 1920 година – но била причина за 25 до 50 милиони смртни случаи. Некои експерти веруваат дека вистинскиот број можеби достигнува и над 100 милиони.

Најверојатно, војниците кои се враќале во своите домови од бојните полиња придонеле најмногу за брзото ширење на пандемијата.

Наводно, некои војници појавувале слични симптоми уште пред крајот на војната, додека за почеток на пандемијата се смета случајот со воен готвач од САД од март 1918 година.

Првиот бран бил релативно благ и завршил во првата четвртина од годината.

Но, вториот бран, кој започнал во август истата година, бил многу полош. Бројот на заболени нагло се зголемувал, а растел и бројот на смртни случаи.

Пандемијата имала вкупно четири брана и до 1920 година вирусот веќе ослабел. На крај предизвикувал симптоми како обичен сезонски грип.

kovid-19-i-ushte-4-najsmrtonosni-pandemii-i-epidemii-vo-istorijata-na-choveshtvoto-03.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...
Мачеле, силувале и си ги убивале сопствените деца - жени кои извршиле монструозни злосторства Овие жени не биле само убијци, тие сееле зло и ширеле страв и ужас каде и да оде...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg