КОВИД-19 и уште 4 најсмртоносни пандемии и епидемии во историјата на човештвото
Епидемија со ХИВ/СИДА – 40 милиони смртни случаи до 2021-ва
За жал, епидемијата со ХИВ/СИДА трае до денес бидејќи сè уште не постои вакцина или лек.
Епидемијата почна во 1981 година и според Светската здравствена организација, оттогаш е одговорна за смртта на над 40 милиони луѓе. Истовремено, моментално има околу 38 милиони луѓе кои се заразени.
Африканските земји се најпогодени од ХИВ/СИДА – околу две третини од сите заразени живеат во Африка.
Сепак, бројот на инфекции се намалува.
Иако уште нема лек, во развиените земји се достапни терапии што им овозможуваат на заразените да живеат долг и сосема нормален живот, а научниците напорно работат и за развој на вакцина.
Научниците веруваат дека вирусот се појавил на почетокот на 20-тиот век, како модифицирана форма на вирус кој се наоѓа кај шимпанзата.
Се претпоставува дека првпат се пренел кај човек во Централна Африка и до 1920-ите веќе биле заразени неколку луѓе.
Првиот случај на ХИВ кај човек е забележан во 1959 година, кај маж кој почнал во Конго.
Оттогаш биле забележувани и други случаи, но за почеток на епидемијата се смета 1981 година.
Оваа година, Центарот за контрола и превенција на болести во САД издаде труд за необичната здравствена состојба на пет мажи. Експертите сфатиле дека мажите практично немаат имунитет, па трудот станува првиот официјален извештај за болеста која подоцна ќе биде позната како СИДА.
До крајот на истата година, само во САД се забележани вкупно 337 случаи со исти симптоми како на петте мажи, а починале 130.
Долг период лицата со ХИВ/СИДА беа стигматизирани, но ова постепено се менува на подобро.
Ковид-19
Според бројот на смртни случаи, пандемијата која уште трае е петтата најсмртоносна во светот.
До крајот на 2022 година, се проценува дека има помеѓу 6,7 и 28,3 милиони смртни случаи предизвикани од пандемијата.
Пандемијата почна во 2019 година и е предизвикана од корона вирусот SARS-CoV-2.
Новиот вирус првпат беше забележан во кинескиот град Вухан во декември 2019 година. Обидите да се спречи неговото ширење беа неуспешни, па до март 2020 година, Светската здравствена организација соопшти дека се соочуваме со пандемија.
Симптомите што ги предизвикува вирусот можат да бидат од незабележливи, до смртоносни, а се покажа дека на најголем ризик се изложени постари лица, како и лица кои веќе имаат одредени проблеми со здравјето.
Вирусот се пренесува многу лесно, а кога ќе се земе предвид и глобализацијата, не е ни чудно што се рашири низ целиот свет за релативно кратко време.
Покрај превентивните мерки како држење растојание и носење заштитна маска, сега има и вакцини за кои се верува дека спречиле над 14 милион дополнителни смртни случаи.
Пандемијата предизвика социјални и економски проблеми низ целиот свет и го означи почетокот на една од најголемите глобални рецесии по Големата депресија.
Иако пандемијата стивнува, сепак уште трае, а се верува дека долг период ќе ги чувствуваме нејзините социо-економски последици.
Спирова С. | Црнобело