Прават прослави во чест на пубертетот на девојчињата, па ги мачкаат со маст од дива свиња: Кое е племето Јаравас?
Нивната главна занимација е лов и собирање плодови и други работи. Тие никогаш не зависат од други или од каква било владина субвенција. Ловат во морето и во шумите за да се хранат, а животинската кожа ја носат како облога за покривање на нивните тела.
Племето Јаравас живее на Андаманските Острови во Бенгалскиот Залив.
Како и секое друго племе, Јаравас се исто така силно заштитнички настроени кон нивниот мирен живот, живеат во мали групи во џунглите и не сакаат никаков контакт со надворешни лица.
Затоа, тие сè уште се нецивилизирани и дури и во овие времиња живеат како антички луѓе.
Се верува дека Јаравас се потомци на племето Џангил и дека тие биле на Андаманските Oстрови многу векови. Исто така, се верува дека тие се првото успешно племе што се иселило од Африка.
Секоја форма на докази за Јаравас - социјални, културни, историски, археолошки, лингвистички, фенотипски и генетски - го поддржува заклучокот дека жителите на Андаманските Oстрови биле изолирани во значителен временски период.
Јаравас се едно од трите преживеани племиња во областа, а другите две се Сентинелези и Онге.
Нивниот јазик се смета за многу тежок. Има девет самогласки и дваесет и шест согласки.
Тие се прилично чудни кога станува збор за храната. Сакаат да јадат риби, свињи и други животни, но не би јаделе елени кои за нив се свети животни.
Физичкиот изглед на племето Јаравас е многу впечатлив, поради нивните лоши навики да земаат големо количество опиум.
Освен ова, интересно е што племенските луѓе на Јаравас ги менуваат имињата на своите деца по пубертетот.
Се одржува детална церемонија, во која едно момче треба да улови дива свиња и да им ја понуди на сите во селото, а девојчињата за кои се прави прославата ги мачкаат со глина и масло од дивата свиња.
Пред 1997 или 1998 година, племето Јаравас било познато како непријатели, бидејќи понекогаш ги напаѓале соседните живеалишта. Сепак, тие воспоставиле мирен контакт со индиската влада која одлучила да ги остави да живеат според нивните желби и правила.
Ова племе не е толку гостопримливо како многу други и не постојат многу информации за нив.
Во продолжение погледнете неколку фотографии кои туристи и/или истражувачи успеале да ги направат:
M. Г. | Црнобело / фото: pinterest.com