Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Еден од најболните уреди за измачување во историјата: Што претставува лулката на Јуда?

За време на средновековните времиња во Европа биле измислени разни сурови уреди за измачување за различни цели. Еден од најбруталните и најчесто користените бил таканаречената лулка на Јуда.

eden-od-najbolnite-uredi-za-izmachuvanje-vo-istorijata-shto-pretstavuva-lulkata-na-juda-01.png

Лулката на Јуда бил уред во облик на пирамида направен од дрво. Главниот дел се состоел од дрвен столб кој бил насочен нагоре и имал остар врв.

Ова било поддржано, обично од четири страни со дрвени греди за да помогне да се задржи главниот столб во исправена положба дури и со дополнителната тежина на жртвата.

Лулката почнала да се користи во Шпанија во 16 век откако во земјата била воспоставена институцијата Инквизиција.

Иако најчесто се користела за религиозни цели и за исповед, била користена и против политичките противници од тоа време. 

Како се користела лулката?

Пред да бидат измачувани жртвите, им ги врзувале рацете и нозете за да не можат лесно да се поместат. Потоа, користејќи низа јажиња, мачителите ја спуштале жртвата врз остриот врв на лулката.

Жртвите биле стратешки поставувани над уредот, така што кога ќе бидат спуштени, нивните гениталии би биле во директен контакт со остриот врв.

Така, остриот врв ќе изврши постојан притисок врз гениталиите на жртвата, а кога ќе почне да се движи само ќе ја влоши болката.

Жртвата била принудена да седи на лулката на Јуда од неколку часа до неколку дена. Доколку рано не признаат какви грешки и злосторства направиле, ќе трпат големи страдања.

eden-od-najbolnite-uredi-za-izmachuvanje-vo-istorijata-shto-pretstavuva-lulkata-na-juda-02.png

Се користеле различни методи за мачењето да биде уште полошо

Жртвите кои одбивале да признаат, биле подложни на уште поголема болка.

Еден од најлесните, најефикасните и најпопуларните начини на мачителите да ја зголемат болката што им ја нанесувале на своите жртви, било додавањето тегови на нозете на жртвата.

Со тоа остриот врв навлегувал подлабоко во приватните делови на жртвата. Меѓутоа, со оптоварување на жртвата, тие ги зголемуваат шансите за побрза смрт.

Ако не биле внимателни, би ја убиле жртвата пред да можат да го добијат признанието за кое им било платено.

eden-od-najbolnite-uredi-za-izmachuvanje-vo-istorijata-shto-pretstavuva-lulkata-na-juda-03.png

Во многу случаи, лулката на Јуда не предизвикувала смрт кај жртвата

Како што можете да замислите, лулката била причина за смртта на многу жртви. Оние кои ја преживеале почетната фаза на мачење биле изложени на ризик да умрат подоцна.

Санитарните услови биле лоши за време на средновековниот период, па така врвот на лулката не бил миен меѓу жртвите.

Без оглед на телесните течности што капеле на врвот од претходната жртва, тие биле оставени таму за следната.

Како резултат на тоа, жртвите кои биле измачувани на лулката добивале страшни инфекции дури и ако некако успеале да ја преживеат тортурата.

M. Г. | Црнобело / фото: pinterest.com

Би можело да ве интересира:

10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Дете кое исчезнало од училиштен двор и уште 3 нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Хедер Тиг била грабната од плажа покрај река во САД, но и покрај очевидецот, до ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg