Пиење човечка крв и уште 5 бизарни зависности кои навистина постојат

Знаевте ли дека постојат луѓе кои се зависни од јадење необични работи без хранлива вредност, како коцки мраз? За кои други зависности е тешко да поверуваме дека се реални?

pienje-chovechka-krv-i-ushte-5-bizarni-zavisnosti-koi-navistina-postojat-01.jpg

Кога ќе слушнеме за зависност, обично помислуваме на алкохол, цигари или наркотици, но луѓето можат да станат зависни и од многу други работи.

На пример, зависноста од видеоигри, социјални мрежи и слично не е така ретка појава.

А, постојат и некои навистина необични, дури бизарни зависности, за кои ќе ви биде тешко да поверувате дека постојат.

Неколку вакви зависности во продолжение:

Пиење или вдишување лак за нокти

Не треба да истакнуваме дека лакот за нокти е токсичен и не треба да се консумира.

Но, на некои луѓе, поради некоја причина, им се допаѓа овој вкус, па го консумираат.

Бидејќи лаковите за нокти се продаваат во многу мали шишенца, сериозното труење може да биде ретка појава, но дефинитивно се јавуваат проблеми со здравјето.

Некои луѓе ги вдишуваат испарувањата од лакот за нокти бидејќи ова може да предизвика ефект на опијанетост. Сличен ефект чувствуваат и луѓе кои работат со бои и лакови во просторија со слаба вентилација.

Долгата изложеност на овие испарувања може да предизвика проблеми со движењето, говорот и меморијата.

pienje-chovechka-krv-i-ushte-5-bizarni-zavisnosti-koi-navistina-postojat-02.jpg

Јадење коцки мраз

Некои луѓе чувствуваат потреба да јадат работи без хранлива вредност, како хартија, земја, па и коцки мраз.

Оваа состојба е позната како „пика“ (pica), а кога станува збор за коцки мраз, состојбата се нарекува пагофагија (pagophagia).

Во овој случај не станува збор за повремено јадење мраз, туку интензивна и постојана потреба да се консумираат коцки мраз.

Според истражувањата, оваа необична зависност од мраз обично се јавува поради недостаток од железо во крвта, но и некои нарушувања во исхраната.

Некогаш причината се и проблеми со менталното здравје.

pienje-chovechka-krv-i-ushte-5-bizarni-zavisnosti-koi-navistina-postojat-03.jpg

Пиење крв

Ова нарушување е познато како Ренфилдов синдром, а има и поинтересно име – клинички вампиризам.

Станува збор за опсесија со пиење животинска, па и човечка крв, која обично е поврзана со проблеми со менталното здравје.

Направени се малку истражувања за оваа појава бидејќи е навистина ретка.

Но, досегашните покажале дека лицата со оваа опсесија неретко имаат проблеми со менталното здравје како шизофренија, посттрауматско стресно нарушување и слично.

pienje-chovechka-krv-i-ushte-5-bizarni-zavisnosti-koi-navistina-postojat-04.jpg

Јадење сапун

И овојпат станува збор за подвид од нарушувањето „пика“.

Потребата за консумирање сапун, но и други средства за чистење, е позната како сапофагија (sapophagia).

Постојат неколку причини зошто може да се појави оваа необична желба, како недостаток од железо и цинк во исхраната.

Истражување покажало и дека ова нарушување може да се појави кај повозрасни лица со Алцхајмер и деменција.

Иако денес повеќето сапуни, шампони и слични средства за хигиена не се токсични, нивното често консумирање сепак може да предизвика сериозни проблеми со здравјето.

pienje-chovechka-krv-i-ushte-5-bizarni-zavisnosti-koi-navistina-postojat-05.jpg

Купување

И купувањето може да стане зависност, а ова нарушување е познато како ониоманија или нарушување на компулсивно купување.

Нарушувањето се карактеризира со неконтролирано купување и неможност за контрола.

Ова, очекувано, може да предизвика сериозни финансиски проблеми за личноста, но и чувство на вина, а со тоа и проблеми со менталното здравје.

Се верува дека зависноста настанува поради потреба за позитивен стимул. Сите знаеме дека купувањето може да ни го подобри расположението, но некои луѓе стануваат зависни од ова чувство.

Постојат и други фактори за појава на оваа зависност, како генерална импулсивност и компулсивност, несигурност и слично.

pienje-chovechka-krv-i-ushte-5-bizarni-zavisnosti-koi-navistina-postojat-06.jpg

Зависност од сончање и одење во солариум

И сончањето или одењето во солариум може да се претвори во нездрава навика, па и зависност.

Како и повеќето зависности, и овојпат станува збор за некаков проблем со психичкото здравје.

Покрај тоа, некои истражувања покажале дека изложеноста на УВ зраци ослободува одредени ендорфини кои ни го одобруваат расположението, па со текот на времето луѓето стануваат зависни на нив.

Некогаш причината може да биде и ментална состојба која ја тера личноста да биде многу самокритична во врска со својот изглед.

Сепак потребни се дополнителни истражувања за добро да се разбере психата зад оваа зависност.

pienje-chovechka-krv-i-ushte-5-bizarni-zavisnosti-koi-navistina-postojat-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
„Со кафе се јаде нешто благо“: Балкански навики поради кои се дебелееме Ако се купува скара, се пресметува половина килограм месо по човек. По вака обил...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
15 луѓе кои направија пластична операција и конечно се среќни со изгледот „Операцијата на носот е најверојатно најдобрата одлука што сум ја донела во живо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg