Фотографирањето е забрането на многу јавни места и уште 7 детали од животот во Катар што ќе ве изненадат
Знаевте ли дека невенчаните парови во Катар не смеат да спијат во иста соба?
Начинот на живот во Катар може да изгледа навистина необично од нашата перспектива.
Тамошните жители, особено жените, мораат да следат бројни правила, а некогаш и туристите се присилени да ги почитуваат.
Осум детали од животот во Катар што ќе ве изненадат:
Мажите се поздравуваат поразлично од кај нас
Кај нас, но и во повеќето земји, мажите се поздравуваат со ракување или прегратка доколу се блиски.
Во Катар, мажите кои се добри пријатели или дел од исто семејство си ги допираат носевите.
Со овој гест си покажуваат почит, но и дека се гледаат како еднакви.
Фотографирањето е забрането на многу места
Во ерата на смартфони со одлични камери, фотографирањето на улици, објекти и луѓе е постојано.
Но, во Катар ова може да ви донесе проблеми.
Фотографирањето на јавни места, особено други луѓе, се смета за непристојно, а доколку сакате да фотографирате одредени објекти, како храмови, мора да побарате дозвола.
Покажувањето на ѓонот од чевлите е неучтив гест
Уште еден необичен детаљ за кој ние не ни помислуваме
Во Катар не треба да ги покажете ѓоновите на вашите чевли бидејќи ова е неучтив гест за локалците.
Невенчаните парови не можат да спијат во иста соба
Жителите на Катар никако не смеат да спијат во истата соба со нивниот партнер доколку не се во брак, а уште помалку да живеат заедно.
До неодамна оваа забрана важеше и за туристи од странство – невенчаните парови не смееја да делат хотелска соба.