Зошто пилотите избегнуваат да летаат над Тихиот Океан?
Можеби се прашувате зошто многу авиони летаат по одредена рута кон дестинацијата и зошто многу не летаат над Тихиот Океан. Во најголем дел, се работи за заштеда на гориво, скратување на патувањето, заштеда на време и безбедност.
Авионите не се движат по права линија за да стигнат до нивната дестинација и наместо тоа се движат по навидум крива линија над копното.
Кога гледате на карта, Земјата изгледа рамна, а правата линија кон саканата дестинација ќе ви изгледа како наједноставна патека.
Меѓутоа, знаеме дека Земјата е всушност сферична, и затоа закривената патека често е најкраткото растојание помеѓу двете локации. Дополнително, тоа не е само најбрзата рута, туку често и најштедливата.
Ова значи дека прелетувањето на океанот по права линија е всушност многу подолг пат.
Тихиот Океан е огромен - неговата површина е поголема од површината на целото копно на планетата Земја. Па, во повеќето случаи, многу поисплатливо е да се прелета копнената површина, отколку Тихиот Океан.
Освен тоа, времето над Тихиот Океан често е турбулентно, а во делови од Тихиот Океан има многу грмотевици, па затоа не е безбедна средина за летање со авион.
Повеќето авиокомпании одбираат да летаат над копно поради оваа причина, бидејќи е побезбедно да се лета над копно, по можност во близина на аеродром, каде што се достапни служби за итни случаи.
Но, да се каже дека ниту еден авион не лета над Тихиот Океан е едноставно неточно.
Некои авиони навистина летаат над Тихиот Океан, бидејќи многумина никогаш не би можеле да стигнат до Хаваи ако не го сторат тоа.
Покрај тоа, летовите до Нов Зеланд, Австралија, Фиџи, Соломонските Острови, Тонга, Вануату, итн. мора да одат преку Тихиот Океан.
M. Г. | Црнобело / фото: pixabay.com