10 појадоци од земјите ширум светот што веднаш ќе сакате да ги пробате
Gallo Pinto – Костарика
Овој појадок е популарен во Костарика, но и други земји од Централна Америка, како Никарагва.
Главните состојки се ориз и грав, во кои се додаваат бабури, коријандер, кромид и лук.
Shakshouka – Изаел
Иако се верува дека ова јадење потекнува од Тунис, денес е мошне популарно на Блискиот Исток, особено во Израел.
Станува збор за обилен оброк од доматен сос, маслиново масло, пиперки, лук, кромид и зачини како бибер. На крај се додаваат и јајца кои се готват од топлината на јадењето.
Churros – Шпанија
Денес можете да го најдете ова јадење во многу европски градови, но се верува дека потекнува од Шпанија.
Churros е всушснот пржено тесто со цимет и шеќер.
Може да се јаде без додатоци, но дефинитивно е најубаво со растопено чоколадо.
Chilaquiles – Мексико
Пченкарните тортилји се најпопуларното јадење во Мексико и се главна состојка на овој појадок.
Тортилјите се сечат на четвртини и потоа малку се печат или пржат.
Потоа им се додава салса, пилешко месо, кашкавал, кромид и јајца.
Доста често се додава и авокадо.
Белгиски вафли – Белгија
Вафлите се популарно јадење во скоро сите држави, но потекнуваат од Белгија и Холандија.
Сигурни сме дека веќе знаете како се приготвуваат и дека не мора да ве убедуваме да ги пробате.
Спирова С. | Црнобело