10 појадоци од земјите ширум светот што веднаш ќе сакате да ги пробате
Вафли од Белгија, syrinki од Русија и churros од Шпанија се само дел од појадоците од земјите ширум светот кои вреди да ги пробате барем еднаш.
фото: Инстаграм
Во модерното општество, појадокот во многу земји во светот е речиси ист. Јајцата, житариците, печивата и овесните каши се можеби најпопуларниот избор за појадок во повеќето држави.
Сепак, во минатото секоја држава си имала посебни оброци за појадок, а дел од нив се популарни и денес.
Веруваме дека сте слушнале за обилниот англиски појадок кој содржи пржени јајца, двопек, колбаси, па дури и сланина, но дали знаете како изгледаат појадоците во други земји, како Венецуела или Египет?
10 вкусни појадоци од земјите ширум светот што сигурно ќе сакате да ги пробате:
Arepa – Венецуела
Arepa е вид лепче направено од пченкарно брашно кое е популарен избор за појадок во Венецуела, но и Колумбија.
Оваа храна можете да ја сретнете и во други земји, како Боливија и Панама.
Тестото се прави од пченкарно брашно, а потоа се подготвува на разни начини – се пече, се пржи или се вари.
Во зависност од областа (но и земјата) рецептот може да варира.
Во Венецуела лепчињата обично се прават подебели, па потоа се сечат на половина и од нив се прави сендвич.
Silog – Филипини
Овој филипински појадок главно содржи пржен ориз и пржено јајце. Со него се служат и додатоци како сланина или други видови месо.
На Филипините можете да најдете безброј варијанти на ова јадење и бидејќи оризот и јајцата лесно се комбинираат со друга храна, можете да додавате што сакате.
Menemen – Турција
Ова популарно јадење во Турција се јаде и за појадок, но и за ручек.
Се прави со јајца, домати, пиперки, зачини и маслиново масло.
Некогаш се додава и кромид, но најчесто само кога јадењето се приготвува за ручек, а не за појадок.
Ful medames – Египет
Покрај Египет, ова јадење е доста популарно и во Либан.
Главната состојка е таканаречениот фава грав, кој се приготвува со маслиново масло, ким, магдонос, лук, кромид, лимонов сок и зачини.
Некогаш се додаваат и други зеленчуци.
Syrniki – Русија
Ова јадење е популарно и во други земји од Источна Европа, но потекнува од Русија.
Станува збор за вид палачинки кои се прават со јајца, брашно, шеќер и урда. Некогаш се додава и екстракт од ванила.
Овие палачинки најчесто се јадат со мед, мармалад и свежо овошје.