5 најемотивни приказни за писма пронајдени во шише
Луѓето оставаат датум, адреса и име со надеж дека нивната порака ќе стигне до откривачот на шишето со сите детали. Некои можеби содржат зборови што ќе го променат животот на личноста што ќе го пронајде, додека други може да содржат долго чувани тајни. А вие што би направиле ако најдете писмо од странец?
Прочитајте за овие 5 интересни писма кои биле пронајдени во шише:
Во 2005 година, повеќе од 80 тинејџери илегални имигранти биле оставени на брод во близина на брег на Костарика. Екипажот на бродот се занимавал со трговија со луѓе, а децата останувале без никакви средства за комуникација.
Како последно средство, тие решаваат да пуштат писмо во шише за да побараат помош. За чудо, писмото „Помогнете ни!“ го пронашол еден рибар, кој го однел кај доселениците на блискиот остров.
Што се случило? Тинејџерите биле спасени!
Британски патнички брод наречен Лузитанија ја имал несреќата да наиде на германска подморница на отворено море, која го потонала поради сомневање дека превезувале оружје. Агонијата на потонувањето траела речиси 20 минути, а повеќе од половина од луѓето на бродот загинале.
20 минути било доволно време за еден од патниците да го напише едно од најстрашните писма на сите времиња: „Сè уште сме на палубата со неколку луѓе. Последните чамци веќе заминаа. Многу брзо тонеме. Неколку луѓе до мене се молат. Крајот е близу. Можеби ова писмо ќе...“
А крајот на писмото открил една тајна што лежи на дното на океанот, но никој не открива што точно пишувало во писмото.
10-годишното девојче по име Сиднеј Фери од Менхетен ја фрлила својата порака во шише во морето. Шишето било пронајдено во 2013 година кога екипажот ја чистел плажата по ураганот Сенди.
Она што го прави откритието трагично е тоа што Сиднеј починала во 2010 година во Швајцарија.
Пораката што ја напишала била за нејзината мајка и гласела: „Биди добра кон себеси!“.
Пораките во шише не значи дека пловат само на отворено море. Една порака во шише била откриена и во ѕидовите на концентрациониот логор Аушвиц во 2009 година, после 65 години.
Човекот што го напишал писмото споделил за страшниот живот таму и со кои луѓе се запознал. До моментот кога било откриено писмото, човекот веќе умрел, но некои од мажите споменати во него сè уште биле живи и со солзи се сеќавале на нивните искуства на тоа место.
Не ги паметат имињата на сите нивни истомисленици од тој период, но се сеќаваат на меѓусебната помош и тешкотиите.
Џеремаја Брук (19) и неговата братучетка Нора Хагерти (18), кои патувале да го посетат семејството во Бостон, биле две од жртвите на Титаник. Пред заминувањето на несреќниот брод, мајката на момчето му дала шише со света вода, во кое при потонувањето момчето оставило писмо: „Од Титаник, збогум на сите, Брук“.
Само една година подоцна, судбината го однела шишето на само неколку километри од неговиот дом.
M. Г. | Црнобело / фото: pixabay.com