Направете ги другите среќни
Насмевката која ќе ја изнудите на лицето на луѓето околу вас, ќе ве направи дупло посреќни отколку да направите нешто за себе. Постојат многу...
...едноставни начини на кои можете да направите нешто добро за останатите.
1. Насмевнете му се на детенцето кое гледа во вас, на момчето или девојката. На старецот кој замислено се сеќава на детските денови.
2. Подарете дел од своето време и посветете внимание некому.
3. Вклучете се во волонтерска организација. Ниту едни пари на светот нема да ве исполнат како волонтирањето и правењето добри дела.
4. Донирајте во добротворни цели.
5. Учете ги другите. Споделете го своето знаење и искуство.
6. Направете нешто кога некој ќе ве замоли.
7. Дајте му лепче на бездомникот.
8. Бидете љубезни.
9. Понудете ја својата поддршка.
10. Пронајдете нешто добро во сите луѓе.