Навики кои ги практикуваат културните луѓе, а многумина потајно ги презираат
Дали одите на гости порано од договореното време затоа што сте завршиле порано со обврските? Суфлирате ли на возачот во автомобил? Ги собирате ли празните чинии една врз друга кога седите со гости? Некои од овие навики кои ги прават добронамерно културните луѓе, им одат на нерви на другите.
Културните луѓе имаат навики, кои иако се добронамерни, сепак може да предизвикаат блага нервоза кај другите во околината.
Тоа не значи дека секојпат нивните постапки се погрешни, но понекогаш треба да размислат дали можеби треба да променат нешто и кај себе, секако без да ја нарушат културата.
Културни навики кои многумина ги нервираат, но нема да признаат:
Доаѓање многу порано од договореното на гости, состанок или прослава (кога ниту домаќините не се подготвени)
Давање добронамерни комплименти кои може да бидат навредливи (од типот – изгледаш супер за годините, вака косата те прави помлад/а и сл.)
Давање одговор на покани, но менување план без да се најави (сте кажале дека ќе дојдете на свадба, а во последен момент сте решиле да не дојдете, но не сте најавиле)
-->
-->
Претерано раскажување и споделување детали за себе кога ќе ве прашаат (доволно е да бидете умерени, никој не сака да ја слушне цела животна историја од едно прашање)
-->
Возење под ограничена брзина (да, точно, треба да се следат законите, но ако возите многу под дозволеното, сигурно ќе добиете многу свирки во сообраќајот)
Давање добронамерни коментари на возачот (јасно е дека сте внимателни по патот, но ако на секои 100 метри суфлирате навистина може да биде неподносливо и вознемирувачко за возачот)
Собирање празни чинии за да расчистите кога имате гости или додека сте на гости (можеби некој ќе сака да си земе повторно јадење, а вие го „бркате“ или го нарушувате редот за раскревање на домаќинот)
M. M. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат
„Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото)
„Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...

10 навики кои имаат лоша репутација, но всушност се добри за вас
Да се биде мрзелив од време на време и да не се прави ништо – понекогаш навистин...

15 луѓе кои направија пластична операција и конечно се среќни со изгледот
„Операцијата на носот е најверојатно најдобрата одлука што сум ја донела во живо...

10 луѓе кои сосема сами го претворија домот во пријатно катче за уживање (фото)
„Се откажав од идејата да следам одреден стил за уредување и почнав да уредувам ...

12 луѓе со уникатни генетски карактеристики - џиновско влакно од трепки, двобојна брада
„Мојата ќерка има прамени на косата во две различни бои“ и уште 11 фотографии со...