9 навики по кои ќе препознаете културна и воспитана личност

Никогаш не зборуваат само за да се пофалат себеси – тие секогаш се подготвени да дадат комплимент, да побараат совет и да покажат дека ценат нечие мислење, без разлика колку се успешни и големи.

9-naviki-po-koi-kje-prepoznaete-kulturna-i-vospitana-lichnost-01_1.jpg

Понекогаш запознаваме луѓе кои се истакнуваат на најдобриот можен начин начин.

Можеби имаат неверојатна харизма, можеби извонредни мисли, можеби однесување на кое не можете да останете имуни.

Тие се допадливи луѓе со кои сакате и да работите и да го минувате слободното време. Со нив се чувствувате ценето и почитувано и во себе посакувате да бидете како нив.

Навики по кои ќе препознаете културна и воспитана личност:

- Секогаш прават чекор напред кога се запознаваат со некого и се насмевнуваат – на овој начин покажуваат почит и без разлика на нивниот статус и моќ тие покажуваат интерес за соговорникот.

- Го користат името на соговорникот, откако ќе се запознаат – со тоа му посочуваат дека го запомниле, а ако сакаат да му се обраќаат поинаку, пример на прекар, прашуваат дали е во ред да му се обраќаат така.

- Никогаш не кажуваат дека знаат повеќе од тоа што треба за некоја ситуација – можеби знаат за некоја тајна или нечие однесување, но тие нема да кажат повеќе од што е општо познато.

9-naviki-po-koi-kje-prepoznaete-kulturna-i-vospitana-lichnost-02.jpg

- Никогаш не ги игнорираат случувањата од приватниот живот на соговорникот – па така изразуваат сочувство доколку починал некој во неговото семејство или пак честитаат ако има повод за славење и тоа не е непријатно, туку е човечно.

- Никогаш не озборуваат, ниту пак ги слушаат озборувањата – веднаш помислуваат што се говори за нив, што ако некој вака говори за нив, па од старт се извинуваат и си заминуваат од ваков тип на друштво.

- Никогаш не зборуваат само за да се пофалат себеси – тие секогаш се подготвени да дадат комплимент, да побараат совет и да покажат дека ценат нечие мислење, без разлика колку се успешни и големи.

9-naviki-po-koi-kje-prepoznaete-kulturna-i-vospitana-lichnost-03.jpg

- Никогаш не притискаат нивните мислења да бидат прифатени – тие кажуваат што е правилно за нив, но не наметнуваат дека тоа треба да биде правилно и за другите луѓе, секој има право на избор и одлука и притоа не судат за тоа.

- Тие се мајстори за зближување – па на ненаметлив начин прават да зборувате за себе, за својот пат на лична трансформација, покажуваат фасцинираност и со тоа се искачуваат на социјалната скала како лидери.

- Никогаш не престануваат да бидат културни – тие не го користат шармот само во одредени пригоди, туку секогаш и секаде тој им е заштитен знак, знааат дека тоа е вистинското однесување и не постои друг начин на кој треба да се однесуваат.

9-naviki-po-koi-kje-prepoznaete-kulturna-i-vospitana-lichnost-04.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
12 причини зошто не сте им допадлива личност на луѓето (и малку ги нервирате) Не давате толку колку што добивате и заборавате дека реципроцитетот е важен, па ...
„Со кафе се јаде нешто благо“: Балкански навики поради кои се дебелееме Ако се купува скара, се пресметува половина килограм месо по човек. По вака обил...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
8 знаци дека сте силна личност (дури и кога не верувате во тоа) Силната личност гледа на промените како можност за раст, за нов чекор ...
8 фрази што ги кажуваме со најдобра намера, но се всушност навредливи „Кога ќе имате деца“, „Зошто не се венчате“… Постојат некои фрази и прашања што ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg