Луѓе кои стапиле во брак за пари ги споделуваат нивните (негативни) искуства
„Првиот сопруг ми беше многу богат и затоа се омажив за него. Но, по една година ги потроши сите пари поради лоши инвестиции, па на крај јас плаќав за сè“.
Додека повеќето луѓе сакаат да се венчаат со партнер што го сакаат, постојат и оние кои, од разни причини, стапуваат во брак поради пари.
Додека некои се само материјалисти, има и луѓе кои се во навистина во безизлезна ситуација, па бракот со богата личност им изгледа како единствениот спас.
Сепак, изгледа дека овие бракови ретко кога се добри.
Неколку вистински приказни од читателите на BuzzFeed што одлично го покажуваат ова:
„Ја запознав сопругата пред седум години. Одлучив да се венчам со жена што не ја сакам бидејќи тоа беше безбеден избор – таа беше образована, скромна и имаше добра кариера со голем потенцијал за напредок.
По неколку години открив дека таа цел живот имала тајна врска со друг маж. Излезе дека постојано ме лаже и изневерува. Па, сега си го добив она што го заслужив – немам ништо свое и само пробувам да се грижам за нашите деца“.
„Не се венчав само за пари, но барав партнер со висока плата и добра кариера со голем потенцијал. Мојот прв сопруг е од богато семејство и наследи многу пари. Но, до првата годишнина од свадбата, веќе ги потроши сите пари на лоши инвестиции.
Па, само јас заработував и ги плаќав сите сметки. По разводот, сфатив дека парите не треба да бидат приоритет кога барам партнер“.
„Мајка ми се омажи за маж што не ѝ се ни допаѓа, само поради финансиската стабилност – нешто што го немала во детството и 27-годишниот брак со тато. Но, мажот е ужасен – ја манипулира и ја малтретира емоционално.
Мајка ми е мизерна, но и многу болна, па сега е заробена бидејќи е финансиски зависна од него“.
„Поранешниот сопруг не беше многу богат, но беше побогат од мене, а јас сакав да почнам да се дружам со луѓе од такви кругови. Покрај тоа, ми требаше и државјанство во неговата држава.
Врската беше ужасна, но го направив тоа што морав. Сега речиси имам државјанство и сум во брак со маж што го сакам“.
„Имав 25 години само 200 долари на мое име. Тој имаше 35 години и беше син на милионер. Врската беше како бајка, се венчавме многу брзо, но 10 години подоцна е многу полошо. Тој никогаш не дели ништо со мене.
До денес оди да купува храна само за него. Одвоено плаќаме сметки. Ова ме нервира бидејќи отсекогаш имал многу пари“.
„Пораснав во сиромашно семејство. Се венчав за пари и додека не сум ни јас безгрешна, излезе дека мојот сопруг е нарцис. И двајцата имавме афери. Но, барем никогаш не сум морала да ја проверувам сметката кога сакам да си купам нешто.
Да, свесна сум дека не сум најдобратa личност и јасно ми е дека луѓето ме гледаат како материјалист кога ќе ми го видат големиот дијамантски прстен“.
„Имам братучетка која се омажи за пари. Нејзиното семејство отсекогаш се интересирало само за пари. Нејзиниот прв сопруг беше 13 години постар од неа (таа имаше 23) и живееше раскошно. Нo, подоцна се дозна дека сè плаќал со кредитни картички. Ситуацијата само се влошуваше, па на крај го остави“.
„Бев самохрана мајка со многу ниска плата. Пред седум години запознав маж кој можеше да ми помогне да се грижам за децата и конечно да се иселам од домот на родителите. Сo него имав уште деца. Вредеше што можев да минувам време со децата, но не вредеше да се венчам со него.
Немам никаков збор кога треба да се купи нешто. Ужасно е. Се чувствувам како повторно да живеам со родителите бидејќи не ми дозволува да купам буквално ништо“.
Спирова С. | Црнобело