Сосема поинаков ресторан
Рускиот авион Ilyushin Il-14 кој бил во употреба во 50-тите години на минатиот век воглавно се користел за превоз на научници и астронаути во тајните воени бази.
Денес овој авион е трансформиран во бар и ресторани, кој со новиот изглед добил и стаклени ѕидови, дрвени подови и модерно осветлување.
Целиот комплекс е наречен Runway 34 и е сместен на меѓународниот аеродром во Цирих. Комплексот се состои од повеќе различни делови:
1. The Hangar Restaurant е главниот ресторан кој нуди комбинација од азијска, швајцарска и медитеранска кујна. Најбарани места се оние под крилата или под кокпитот.
2. The Wingwalker Bar – е сместен на опашот на авионот и е окружен со стакла така што овозможува одличен поглед на пистата.
3. The Aviator Lounge – овој дел служи да ги прифати гостите кога ресторанот Хангар е преполн. Има стаклен под, па од високо може да гледате на ресторанот.
4. The Smokers Lounge – освен што е резервиран за пушачи, овој дел е најинтересен бидејќи е сместен во самиот авион. Вообичаените седишта се заменети со луксузни кожни фотељи.
Ако се најдете на циришкиот аеродром, задолжително резервирајте си место во Хангар ресторанот и Smokers Lounge, особено за викенд.