8 брзински начини да си ја подигнете енергијата и продуктивноста (кога не знаете кај ви е главата)
Како да си го подигнете нивото на енергија, концентрација и продуктивност во деновите кога имате куп работа, а не можете да се фокусирате?
Ви се случува ли некогаш да имате толку многу работа, а да не можете да се сконцентрирате и го губите времето без да ви дојде енергија да сработите?
Можете да практикувате неколку мали трикови кои ќе ви го подигнат нивото на енергија и ќе почнете порасположено и продуктивно да чекорите низ денот и обврските.
Во продолжение неколку совети:
Појадувајте надвор наместо на работа, на сонце (ако го има барем малку) за да си го подигнете расположението утрински
Вежбајте или барем одете до работа пеш/со велосипед – дури и кога мислите дека сте уморни, ќе имате повеќе сила и енергија откако ќе завршите
Јадете цело зрно пченица и свежи намирници, наместо брзи јаглехидрати, за да имате повеќе енергија и стабилно ниво на шеќерот
-->
-->
Направете нешто добро и убаво пред важен настан или состанок за да го разбудите мозокот и да не се чувствувате потонато (шетајте со кучето, играјте си со детето, изгледајте позитивно видео итн.)
-->
Запалете си мирислива свеќа од мириси како лимон и пеперминт кои имаат моќ да ја подигнат концентрацијата
Ако не сте љубител на кафе, напијте се зелен чај, кој исто така содржи кофеин и ќе ви го подигне нивото на енергија и концентрација
Слушајте музика која ве расположува и размрдува додека работите, наместо песни кои ве успиваат
И облеката игра улога – се верува дека сината боја ја подобрува концентрацијата, продуктивноста и размислувањето, па облечете се соодветно
М. М. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

11 манипулативни тактики на луѓето жедни за внимание
Драмата што ја создаваат личи на театарска претстава со совршено темпиран настап...

Низ илустрации: Како да знаете дали е во прашање љубов или само страст?
Како знаете дали сте навистина заљубени, или само имате моментални интензивни ем...

12 совети за безбедност што треба да ги знаете – можат да значат живот
Кога одите на непозната локација, како сала за концерт, секогаш разгледајте кој ...

Пожар, убодна рана: Безбедносни совети што е добро да ги знаете
Што да правите ако ви се запали масло во тава или ако вие или некој друг е пробо...

Креативни начини како да ги искористите детските базени кои повеќе не ви се потребни
Искористете ги старите детски базени и направете креветчиња за уживање, безбедно...

Купувате оригинал или копија - како да препознаете преку логото на светските брендови?
На оригиналните производи на Burberry, помеѓу црните и белите ленти, има са...