Звукот на коските што се кршат

teatra-zvukot-na-koskite-koi-se-krsat-povekjeСовремената драма „Звукот на коските што се кршат“ по текст на Сузан Лебо (Suzanne Lebeau), на 21 септември 2011 година ќе го означи почетокот...


...на новата сезона во независниот театар Theatra.

Театарот кој своите врати ги отвори со премиерата на претставата „Мизантроп“ ветува уште едно интензивно драмско доживување преку текстот на една од најнаградуваните канадски авторки.

Оваа премиера ќе го означи и почетокот на еден од најзначајните театарски фестивали и збиднувања во земјата, отворањето на триесет и шестиот по ред Млад Отворен Театар (МОТ).

„Звукот на коските што се кршат“ ја раскажува приказната од еден дневник, за две деца, за две изгубени детства, за војна, за терор, за страв, за храброст, за издржливост, за чиста љубов. Иако оригинално сместена во централна Африка, борбата, страдањето и храброста на ликовите се безвременски и безпросторни.

Претставата опфаќа тема која не може лесно да се прераскаже, потребно е да се доживее. Ова не е приказна што завршува со гаснење на последното светло во театарот, не е текст кој завршува со последната страна. Ова е претстава која носи некој горчлив вкус кој останува, некоја празнотија под која се крие неописливо тежок товар, како солзите да не се доволни да исплакнат сѐ што е почувствувано.

teatra-zvukot-na-koskite-koi-se-krsat-2

Актерската екипа на „Звукот на коските што се кршат“ ја сочинуваат Наташа Петровиќ, Стефанија Зисовска и Бојан Кирковски. Костимограф е Ивана Кнез, музиката е дело на Оливер Јосифовски и Вера Милошевска од Љубојна, а за преводот на оригиналниот текст се заслужни Горјан Милошевски и Марија Зафирова.

Дизајнот на плакатот е дело на Магдалена Дилевска и Вања Шереметкоски, додека за маркетингот на претставата е одговорна Ива Дујак. Претставата е во режија на Билјана Радиноска, продукција Марија Зафирова.

„Звукот на коките што се кршат“ ќе биде за прв пат одиграна на територијата на Македонија токму на оваа премиера закажана за 21 септември со почеток во 20.00ч на веќе познатата локација на Theatra, бул. Кочо Рацин 19А во Скопје.

teatra-zvukot-na-koskite-koi-se-krsat-1

Билетите за премиерата се распродадени во рекордни четири часа од отворањето на резервациите, но се уште може да се резервираат билети за втората изведба на претставата која ќе се одигра на 28 септември со почеток од 21.00ч по цена од 200 денари. Резервирањето се врши на официјалниот веб сајт на Theatra, www.theatra.org.

Со големо задоволство, Theatra повторно ве поканува да станете дел од новиот драмски импулс во Македонија...Не глумете, бидете публика!

Би можело да ве интересира:

„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Носталгични фотки што ќе ве вратат во детството Сите сакавме дигитален рачен часовник со минијатурна тастатура и упорно игравме ...
Нуркање со ајкули и уште 19 опасни туристички атракции за „зависници“ од адреналин Дали би се качиле на зиплајн? А, дали би нуркале затворени во кафез покрај ајкул...
Која е жената која е инспирација за Роуз од „Титаник“? Беатрис била заљубена во индиски научник но уште на почетокот на врската знаела ...
Како изгледаат продуктите што ги користиме секојдневно пред да се најдат во продавница? Сте виделе ли како изгледаат пластичните шишиња пред да бидат надувани? Сте в...
Места ширум светот со најмногу рестрикции за посетители (забранети се и за најмоќните лидери) Капелата во којашто се верува дека се наоѓа ковчегот со 10-те божји заповеди е в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg