Како изгледаат продуктите што ги користиме секојдневно пред да се најдат во продавница?

Сте виделе ли како изгледаат пластичните шишиња пред да бидат надувани?

kako-izgledaat-produktite-shto-gi-koristime-sekojdnevno-pred-da-se-najdat-vo-prodavnica-01.jpg

Скоро сите продукти што ги купуваме изгледаат поразлично пред да стигнат до продавница.

Некогаш ова важи и за храна која ја сметаме за потполно природна, како јаткасти плодови.

Дури и ако храната не е преработувана, сепак поминала процес на чистење кој некогаш го менува и изгледот.

Како изгледаат разни продукти пред да се најдат во продавница?

Лак за нокти

Состојките на еден лак за нокти зависат од производителот.

Но, главната состојка на повеќето лакови е состојката нитроцелулоза која има влакнеста текстура и наликува на памук.

kako-izgledaat-produktite-shto-gi-koristime-sekojdnevno-pred-da-se-najdat-vo-prodavnica-02.jpg

Четки за чистење

Секако, не сите четки за чистење се со ист состав, но повеќето се направени од синтетички материјали, како најлон.

Некои компании користат и рециклирани пластични шишиња за изработка на четки со што помагаат во намалувањето на отпадот со пластика.

kako-izgledaat-produktite-shto-gi-koristime-sekojdnevno-pred-da-se-najdat-vo-prodavnica-03.jpg

Мускатно оревче

Мускатното оревче е плод од зимзелено дрво познато како Myristica.

Делот од плодот што се користи е всушност семето кое се чисти пред да биде пуштено во продажба.

kako-izgledaat-produktite-shto-gi-koristime-sekojdnevno-pred-da-se-najdat-vo-prodavnica-04.jpg

Чипс

Постојат разни методи за изработка на чипс.

Некои брендови навистина пржат многу тенки парчиња компир, но некои го прават чипсот од смеса направена од вода, снегулки од компири и нишесте.

Од оваа смеса се прави тесто, се формира чипсот и се пржи неколку секунди во загреано масло.

kako-izgledaat-produktite-shto-gi-koristime-sekojdnevno-pred-da-se-najdat-vo-prodavnica-05.jpg

Огледала

Основата на огледалата е стакло кое најпрво темелно се чисти.

Потоа, на стаклото обично се истура сребро или алуминиум во течна форма, но можат да се користат и други супстанци.

kako-izgledaat-produktite-shto-gi-koristime-sekojdnevno-pred-da-se-najdat-vo-prodavnica-06.jpg

Пластични шишиња

Пластичните шишиња можат да бидат направени од разни видови пластика.

Но, она што е интересно е нивната првобитна форма.

На почетокот тие изгледаат како мали пластични епрувети. Потоа овие епрувети се надувуваат со помош на топлина и силен притисок.

kako-izgledaat-produktite-shto-gi-koristime-sekojdnevno-pred-da-se-najdat-vo-prodavnica-07.jpg

Индиски орев

Индиските ореви се едни од најскапите јаткасти плодови, а има и добра причина за тоа.

Тие растат на големи плодови, но делот којшто се јаде е минијатурен во однос на целиот плод.

А, чистењето на делот што се јаде одзема многу време.

kako-izgledaat-produktite-shto-gi-koristime-sekojdnevno-pred-da-se-najdat-vo-prodavnica-08.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 зимски и новогодишни декорации од TEMU за кои нема да потрошите цело богатство Какви декорации за празниците може да си купите од TEMU за цена до 600 денари? С...
Работи што можете да ги видите само во Мексико (фото) Леб без кора исечен ан парчиња, автомат за ранци, но и огромен избор на лути сос...
Бизарни јадења од ретро книги со рецепти (фото) Банани со сланина и кашкавал, пица во форма на лице која изгледа страшно… Сте ви...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
9 работи во домот кои будат носталгија, но сепак е време да ги фрлите Стари тегли во кои вашите баби чувале зимница, весници од пред неколку години, п...
9 совети за безбедност за кога мислите дека некој ве следи Влезете во продавница каде што има луѓе, а пред влезната врата од домот ставете ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg