Огромни подземни градби во познатите градови ширум светот за кои сигурно не сте слушнале

Знаевте ли дека на околу 40 метри под улиците на Неапол се крие цел лавиринт од тунели и стари градби?

ogromni-podzemni-gradbi-vo-poznatite-gradovi-shirum-svetot-za-koi-sigurno-ne-ste-slushnale-01.jpg

Под многу европски градови кои се популарни туристички дестинации се кријат огромни комплекси од тунели и простории.

Неретко овие подземни структури се првите темели на градовите, а некогаш се правени отпосле, и тоа со разни намени.

Повеќето се користеле и како засолништа во време на воени напади, а скоро сите се барем делумно достапни за јавноста.

Шест вакви подземни комплекси во продолжение:

Vicus Caprarius, Рим

Веројатно ја знаете фонтаната Треви во Рим, но знаевте ли дека под неа се наоѓа подземно археолошко наоѓалиште?

Наоѓалиштето е познато како Vicus Carparirus, или „Воден град“, а се наоѓа на околу 9 метри под нивото на улицата.

Овде има стари резервоари за вода, како и остатоци од стара куќа.

Интересно е што Водниот град е само мал дел од неверојатниот свет што се крие под улиците на Рим.

ogromni-podzemni-gradbi-vo-poznatite-gradovi-shirum-svetot-za-koi-sigurno-ne-ste-slushnale-02.jpg

Замокот Château de Brézé, Франција

Замокот се наоѓа во областа Лоара во Франција и се претпоставува дека бил изграден во 1060-та година.

Замокот бил реновиран во 16-тиот и 19-тиот век, па денес преовладува стилот од ренесансата. Сепак, си има задржано и детали од периодот кога бил изграден.

Најинтересниот детаљ во замокот се подрумите за кои се верува дека биле направени како засолниште од викинзи.

Во подрумите има тунели долги 3 километри, како и живеалишта, складови и места за чување добиток.

ogromni-podzemni-gradbi-vo-poznatite-gradovi-shirum-svetot-za-koi-sigurno-ne-ste-slushnale-03.jpg

Подземниот град во Неапол, Италија

Околу 40 метри под улиците на Неапол се крие цел лавиринт од улици и стари градби.

Ова се всушност првите темели на градот кои биле направени уште пред 2.400 години.

Овде можете да видите римски театри, аквадукти, па дури и нешто од поново време – засолништа кои се користеле за време на Втората светска војна.

ogromni-podzemni-gradbi-vo-poznatite-gradovi-shirum-svetot-za-koi-sigurno-ne-ste-slushnale-04.jpg

Рудникот за сол во Вјеличка, Полска

Вјеличка се наоѓа во јужниот дел на Полска, а под градот се крие рудник за сол.

Рудникот се користел за копање сол од 13-тиот век и е еден од најстарите во светот.

Сепак, поради намалувањето на цената на солта, но и поплавите во рудникот, комерцијалното вадење сол било прекинато во 1996 година.

Денес рудникот е историски музеј и е заштитен од УНЕСКО.

Покрај подземните лавиринти, овде можете да видите стара технологија која се користела за ископување сол, подземно езеро и бројни статуи издлабени од рудниците кои работеле внатре.

Најдлабоката точка на рудникот е околу 320 метри, а ходниците се долги вкупно 287 километри.

ogromni-podzemni-gradbi-vo-poznatite-gradovi-shirum-svetot-za-koi-sigurno-ne-ste-slushnale-05.jpg

Подземниот град во П’лзењ, Чешка

Под чешкиот град познат по пивото се крие и подземен град.

Овој лавиринт е еден од најголемите подземни комплекси во Чешка, а тунелите имаат должина од вкупно 20 километри.

Изградбата почнала во 13-тиот век и на некои места подземниот град има и три нивоа под земја.

Подземниот град имал неколку намени, вклучувајќи складирање храна и вино и овозможување пристап до вода.

Се претпоставува и дека локалците ги користеле тунелите и како засолниште во време на војна и напади.

ogromni-podzemni-gradbi-vo-poznatite-gradovi-shirum-svetot-za-koi-sigurno-ne-ste-slushnale-06.jpg

Римски галерии во Лисабон, Португалија

Подземните тунели во Лисабон биле откриени во 1771 година, а биле направени за да се стабилизираат некои градби на површината.

Во раниот 20-ти век, копмлексот бил користен и како подземна цистерна за вода. 

Конструкцијата започнала околу првиот век од нашата ера, за време на римската окупација.

Ова е всушност огромен комплекс од галерии и тунели кои се високи и до три метри, а имаат ширина од два до три метри.

ogromni-podzemni-gradbi-vo-poznatite-gradovi-shirum-svetot-za-koi-sigurno-ne-ste-slushnale-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
9 работи во домот кои будат носталгија, но сепак е време да ги фрлите Стари тегли во кои вашите баби чувале зимница, весници од пред неколку години, п...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
6 чудни стандарди за убавина кои постоеле во минатото (некои од нив ни се денес смешни) Жените во Кина со екстремно долгите нокти (околу 25cm) покажувале дека се богати...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg